ИСТРА – МОРЕ, МАЛВАЗИЈА – ТЕРАН, ТАРТУФИ…

Koper

Да се појде во Истра, не е важно во кое време, зашто секогаш може да се почувствува мирисот на морето, да се стапне на црвената земја, да уживаш во Малвазија или Теран, да вкусиш тартуфи, риби, школки… Да се дружиш со Истрјаните! Заедно со агенцијата Бран, Истра, хрватска и словенечка е фасцинантна за Новогодишните празници, покрај 1000 километри растојание.

Rovinj

Опатија е водечки туристички град, каде не само штѕо се одмора лете, туку е центар за семинари, конференции, бројни културни и спортски настани, богат ноќен живот. Низ сонце пленат природата, парковите, старите австроунгарски вили, шеталиштето и плажите кои привлекуваат илјадници туристи секоја година. Опатиската ривиера освојува на прв поглед, не само со хотелите, туку и со црквата Св. Јаков, вилата Анџолина покрај Девојката со галебот, дело во морето на скулпторот Звонко Цар од 1956 година. Грев е да не се види патеката на ѕвездите на славните со имињата на познати хрватски писатели, спортисти, музичари… Во близина е најмалиот град Хум со 20 жители и автентични стари камени куќи вградени во одбранбени бедеми. Традиција и историја во живо со храмот Св. Јероним со зачувани натписи на глаголица. Љубезни домаќини пречекуваат во мали продавнички низ тесни улички. Честат ликер, вино, производи од тартуфи…

Opatija

Низ тиркизното море, Пула е најголемиот град во Истра. Познато е по благата клима, мирното море и традиција за производство на вино, риболов, бродоградилиште и туризам, но препознатлива е по римската арена во која и денес се одржуваат летни културни настани. Добро сочувани се храмот на Ром и Август и триумфалната порта. Водичот раскажува и за византиската базилика Св. Марија Формоса, за катедралата Вознесение на Блажена Дева Марија, за ѕвездоликиот Каштел, за пулските фортификации во стариот дел со тесни средновековни улички и ренесанси згради

Piran

Патот води кон Умаг со венецијански куќи во ренесансен и барокен стил. Локација е на традиционалниот турнир во тенис. На плоштадот крај морето се црквата Св. Рока и Музејот. Новиград е мало рибарско место богато со историја. Восхитуваат неколку цркви, сочуваните тврдини, светилник… Нов предизвик е Пореч. Носечки историски монумент е комплексот Еуфразиевата базилика од 5 век. Ѕидините и тесните улички потсетуваат на Дубровник. Прошетката завршува на плоштадот Марафор со дочек на Новата година со концерт на Здравко Чолиќ.

Пред Ровињ е Лимскиот канал, најубавото природно богатство на Истра, долг 35 километри. На патот за симболот на градот, црквата Св. Еуфемија, се пружа фантастичен поглед кон морето. Никој не останува рамнодушен на импозантната архитектура, специфичната градска култура и стариот град кој е споменик на културата.

Porec

Порторож е монденско словенечко летувалиште со многу хотели, ресторани, кафулиња, дискотеки, казина… Се вдишува морскиот воздух на поплочената ривиера. Пиран е најубавиот град на словенечкиот јадрански брег. Доминира венецијанскиот стил на архитектура, покрај морето со ресторани од кои се полнат ноздрите со мирис на вкусна храна. Срцето е плоштадот Тартини, именуван по познатиот пирански композитор. Попатно се фрла поглед на Изола изградена на остров. Полна е со традиција, а главна е грееното вино. Следна дестинација е најголемото пристаниште, Копер. Се чувствува новогодишна атмосфера. Туристи на разни јазици го откриваат градот. Копер бил остров и прераснал во град. В очи паѓаат Титовиот плоштад, Праеторската палата, катедралата, кулата… Градските власти декорирале новогодишен амбиент.

Pulskata arena 1

Така, назад, дома, до некоја следна дестинација. Дотогаш ќе се раскажува за Истра.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading