КОНЕЧНО ЧИСТА ВОДА В РЕКА

Нова тарифа за третман на отпадните воид

Предлог тарифата е да биде 17,35 денари за метар кубен вода до 2020 г.

Precistitelna 2

Се воведува нова тарифа во сметките за пречистување на отпадните води. До 6-ти односно 7 ноември, Советот на Општината треба да ја донесе предлог-одлуката на ЈКП Водовод и канализација (В и К) за цената на услугата за пречистување на отпадните води, која се воведе со ставањето во функција на пречистителната станица изградена со пари од европските фондови. Предлог-одлуката беше на 20-тата седница на Советот, која е прекината и одложена. Во спротивно, ќе се применува предлог-одлуката на Регулаторната комисија која подразбира повисока цена. В и К предлага пониска цена на тарифата од онаа на Регулаторната комисија.

– Предлогот на В и К што треба да помине на општинскиот совет е тарифата да биде 17,35 денари за оваа и наредните две години, а Регулаторната комисија за енергетика предлага поивисоки просечни цени за 3 до 4 денари, а предлог-максималните цени се повисоки дури и за 10 денари. За пример, Регулаторната предлага просечни цени за оваа и наредните две години од 19,85, од 20,65 и од 21,44 денари, а предлогот на максималните цени се движи од 25,41, преку 26,66, па до 27,56 денари за 2020 година. Во интерес е на граѓаните да се прифати предлогот на В и К со пониска цена. Не се зголемува цената на водата, туку ова е нова услуга за пречистување на отпадните води. И за 10 кубици потрошена вода, тарифата за отпадните води е околу 170 денари – вели Емил Јанески,  директорот на ЈП „Водовод и канализација”.

Пречистителната станица е официјално во функција, а четирипартитниот договор потпишан е во 2008 година според кој функционирањето и одржувањето на пречистителната станица, да биде со одредување на тарифа за третман на урбаните отпадни води. До крајов на годинава стопанисувањето треба да го преземе В и К.

Пречистителната станица за отпадните води значи чиста животна средина и здрави земјоделски производи за што се залага ЕУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека станува збор за нов товар за граѓаните и повисоки сметки од В и К.

ВОДАТА НЕ ПОСКАПУВА

– Цената на водата останува 26,22 денари и нема да се промени, а во Прилеп не се очекуваат проблеми со водоснабдувањетто во наредниот период. Доколку се намалат количества вода од ЈП „Студенчица”, градот има на располагање девет бунари кои ќе се стават во функција – вели Јанески.

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ВРЕДНОСТИ

Советниците донесоа одлука за формирање на ново ЈП за енергетски дејности, „Енерго Прилеп”, чија задача е да ги подготви и спроведе сите неопходни активности за претстојната гасификација на градот.

– Постапката за формирање на ЈП е подолга. Во следниот периодот имаме обврска да го подготвиме Статутот, да ја утврдиме точната дејност, да се изберат органите на управување кои ќе раководат со ЈП, со цел спремно да се дочека гасификацијата – изјави Миле Талевски, претседател на Совет на Општината Прилеп. 

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека Прилеп е далеку од гасификација, дека во општината нема потрошувачи, корисници на гас, а целта е во претпријатието да се вдомат партиски кадри .

-Именуваниот директор Игор Спиркоски самиот соопшти дека бил во роднинска врска со градоначалникот Јованоски. Тој потврди дека уште е далеку протекувањето гас во нашиот град, највероватно до крајот на мандатот на градоначалникот – вели Ирена Стерјоска Локвенец од ВМРО – ДПМНЕ.

Loading