ЃОКИЦА СЕ „ЗАПОСЛИЛ“

ivce1АРМ прославуваше јубилеј. Како што е вообичаено во таквите пригоди, се држат разни говори, се положуваат цвеќиња, се оддава почит на заслужни дејци и така натаму. Велиме, како што е вообичаено. Ама, има нешто што не треба да биде вообичаено. Тоа се јазичните грешки. Ги слушаме редовно, во сите пригоди. Некои поситни, некои покрупни, а некои дури и бесмислени. Ќе набележиме една таква реченица, а потоа ќе образложиме во што е грешката. Еве ја реченицата! Новинарот вели: ,,Зборуваше генералот полковник,,. Таквите сложени именки, образувани од две општи именки кои треба да претставуваат еден поим, се одделуваат со цртичка. Во армијата постојат чинови генерал-мајор, генерал-потполковник, генерал-полковник и така натаму. Знаеме, на пример, дека постои чин ГЕНЕРАЛ, но постои и чин ПОТПОЛКОВНИК. Со поврзување на двете именки добиваме, нов поим, нова сложена именка со посебно значење. Во таквиот случај се членува втората именка – ГЕНЕРАЛ-ПОТПОЛКОВНИК. Значи, зборувал и ГЕНЕРАЛ-ПОТПОЛКОВНИКОТ, а не ГЕНЕРАЛОТ-ПОТПОЛКОВНИК, зашто во тој случај би се разбрало дека генералот е потполковник. Оваа грешка, оваа бесмислица, ја слушаме на национална телевизија. Ќ е кажеме, на ТВ Сител. Потенцираме ТВ СИТЕЛ, а не како што ја викаат тие СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА. Таа грешка е редовна и кај други телевизиски куќи. Тоа веќе стана помодарство и во други области не само во телевизиите. Редовно слушаме – Филип Втори Арената, наместо Арената Филип Втори.

Кога се зборува за некоја тема од областа на стопанството, редовно слушаме, на пример: ,,Помош за малите и средни претпријатија,,. Ако не се членуваат двете придавки (малите и средните) ќе произлезе дека малите претпријатија се истовремено и средни. Ова го слушаме речиси, редовно, но при прославата на АРМ, слушнавме нешто што се граничи со глупост. Говорникот вели: ,,Да им оддадеме почит на мажите и жени,,… Што се разбира од овој крајно несмасен израз? ,,Да им оддадеме почит на мажите и жени,,… Значи, мажите се истовремено и жени! Исто како она со малите и средни претпријатија. Добро, можеби некој ќе се пошегува, па ќе рече дека жените се борат за рамноправност со мажите. Во ред! Но, не можат дотаму да се поистоветуваат, па да не се знае кои се мажи, а кои жени. Некој ќе се пошегува, некој ќе се нервира, а односниот говорник петпари не дава. Тој им оддава почит на мажите и жени.

Редовно слушаме, особено при прогнозите за времето, да се вели ,,Долж речните долини ќе има магла,,. Никако не можат да сфатат ни презентерите ни лекторите дека тој збор се употребува исклучиво префиксиран – ВДОЛЖ, а не ДОЛЖ. Исто како што е и ВШИР а не ШИР. Тоа е едната грешка. Другата е што тие не знаат дека тоа е кај нас прилог, а не предлог. Тој покажува како, а не каде. Собата ја измеривме и вдолж и вшир. Значи, сега ги знаеме димензиите на собата, колкави се, а не каде се. Затоа треба да се рече ,,По должината на речните долини,, а не ,,Долж речните долини,,. Извесен новинар насетил, осознал дека тој збор треба да биде префиксиран (вдолж), го напишал така. Но, не ја доквакал работата. Еве една реченица: ,,Во сузбивањето на недозволената трговија со дрога вдол границата, грчката полиција е организирана во помали и флексибилни групи,,. Да, се сетил новинарот дека треба ВДОЛЖ, а не ДОЛЖ, но сепак го заборавил значењето. ВДОЛЖ е прилог и покажува како, а не каде. Затоа новинарот требало да напише дека грчката полиција била организирана по должината на границата, а не ВДОЛЖ границата.

Слушаме ТВ разговор. Водителот и познат актер. Мораме да кажеме – добар актер. Ајде, еве и името – Ѓокица Лукаревски. Разговорот пријатен. Зборува Ѓокица за својата актерска кариера. Сакал да биде правник, сепак се определил за актер. Па, нели знаеме дека на актерите алатот за работа им е јазикот. Ѓокица подзаборавил, па кажува дека завршил Академија и се ЗАПОСЛИЛ во Драмски Театар. Колега Лукаревски, именката запослување е веќе одамна отфрлена. Долго се бараше соодветно решение. Сега е силно зацврстен зборот ВРАБОТУВАЊЕ! Вие сте ВРАБОТЕН во Драмски               

Loading