ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ ВО ВЕЛИНГРАД

Репортажа

Градските власти секој понеделник се среќаваат со хотелиерите да ги отстранат слабостите и да помогнат во остварување на новите туристички зафати

030 00 640

Во срцето на Родопските планини во централна Бугарија, на надморска височина од 777 метри се наоѓа градот Велинград. Лежи на богатство од термални минерални води. Ова  е место со околу 22.000 жители во кое речиси нема невработени. Изобилува со мноштво хотели кои го негуваат бањскиот туризам. Во најстрогиот центар на градот се наоѓа хотелот со четири ѕвезди Здравец кој нуди врвна услуга на своите посетители. Поседува надворешен и внатрешен базен со минерална вода која доаѓа од изворот Чепино каде извира со температура од 48 степени Целзиусови. Температурата на водата во базенот е 32 степени и во џакузито 39 степени Целзиусови.

Спа центарот има соби за масажа, турски амам, турска бања, бисерни кади, сала за релаксација, третмани со кал од Јордан, чоколадна и винска терапија, арома терапија, пилинг со кафе и мед и професионална масажа. Во склоп на спа центарот во хотелот има медицинска екипа која 24 часа врши прегледи и одредува соодветна терапија.

Менаџерот на хотелот кој е дел од поголем синџир хотели во Бугарија, истакнува дека гостите ги исполнуваат леглата и ги користат удобствата и минералните води 365 дена во годината. Покрај гостите од Бугарија, најбројните се туристите од Македонија. Избор за Велинград прават и гости од Србија, Грција, Турција, Русија, Израел, Германија, Австрија и други.

-Преку летото полно е руски туристи, кои заради лековитите својства на минералните води остануваат и до 40 дена. Нема сезона. Имаме туристи постојано. Велинград е полн и во лето и во зима, благодарение на минералните термални води – истакнува менаџерот.

030 20 640

Тој објаснува дека многу луѓе доаѓаат заради физикална терапија која е лек за многу болести. Цените се достапни и се поевтини доколку престојот е подолг.

 -Владее огромен интерес. Н не можеме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани гости. Затоа доградуваме уште едно крило во хотелот, специјализирано за физикална терапија и рехабилитација. Всушност тоа ќе биде огромен медицински центар со доктори, медицински персонал и професионални масери за што склучивме договор со турската болница Аџибадем. Речиси е готов, со што ќе го зголеми капацитетот за 40 отсто на сегашните 180 легла – вели менаџерот.

Здравец нуди и одлични угостителски услуги и забава. Наскоро ќе добие и охридски шмек. Менаџерот откри дека е одушевен од култниот охридски ресторан Св. Софија и дека се гради негова реплика во рамки на хотелскиот комплекс, а ќе го опслужува готвачки тим од Битола.

48858183-panorama-of-lake-kleptuza-toward-karst-spring-and-highly-varied-plant-velingrad-pazardzhik-province-

Велинград како дестинација е добро позната за македонските туристи. Во последно време се поголем е бројот на зинтересирани лица за спа центрите.

-Релакс туризмот е во подем. Тоа е туризам за душата и за продолжување на животот. Затоа се форсира Велинград како најголема спа дестинација. Има причина. Условите за одмор и релаксација се најдобри – велат од  туристичките агенции.

Во Велинград може да уживате во прошетка низ чаршијата која изобилува со голем број продавници со исклучително квалитетни производи. Локалните жители се пријателски расположени кон туристите кои придонесуваат во развојот на локалната економија. А дека пристапот кон туризмот на најголемата општина во регионот Пазарџик е сериозен, говори податокот што градските власти секој понеделник имаат средба со хотелиерите. Разменуваат идеи и заеднички договараат проекти од интерес на туризмот и градот кој покрај одличните спа центри е познат и по развиената дрвна индустрија.

swimming-pool-04-spa-hotel-olymp-velingrad

Loading