УНИШТЕНА АНТИЧКА БАЊА КАЈ ТАШАЧИЦА

BANJA-v2

Немоќта со која се соочуваме во заштитата на културните содржини, доведува идните генерации да се лишени од остатоците на културата и корените на живеењето на овој простор. Месноста Заград, зад Марковите Кули, содржи наследство од древната цивилизации. За локацијата знаеле обичните луѓе кои живеат во Варош. Потврдуено е и од зачуваните преданија, пренесувани од Марко Цепенков. ,,Во синорот Заграцки, кај да копат чоек, ќе најдит темели со тули и камен и вар од старио град што бил во старо време. Секаде имат стари темели”,,. Ова го бележил Цепенков.

На просторотна Ташачица има бројни разновидни археолошки наоди од различни времиња. Тие се присутни во форма на гробови во камен, разни длабнатини кои биле дел од некогашни конструкции на градбите, керамички парчиња и др. Полно траги, посебно со голем број гробови – корита, а на  ги има и кај чешмата Ташачица. Таму дури се наоѓаат остатоци од античка бања, која археолозите ја датираат во римско време. Истражуваната бања е  делумно реставрирана и конзервирана. За жал, неопдмна, веројатно  трагачИ по закопано богатство, сосема ја разорале со тешка машинерија. Од неа останале само растурени делови од ѕидот и извесен археолошки матаријал, како тубулуси од водоводниот и одводниот систем, фрагменти од керамички садови и сл. Така стануваат залудни сите вложувања за зачувување на еден ваков објект од стариот град Прилеп. Избришан е уште еден значаен споменик на културата и дел од содржините на древниот град. Според археолозите, во овој дел се констатирани остатоци од ,,населба од градски тип,,  од третиот и четвртиот век. Населбата егзистирала до доцната антика и во ранохристијанството. На простор делумно е истражувана и поголема некропола.

На повисоките делови и падините се среќаваат гробови во карпа, две поголеми аристократски гробници од македонски тип и други културни остатоци. Во близина на бањата има остатоци од значајна градба, веројатно стара црква, од која денес на теренот се среќаваат поголем број, помали и поголеми мермерни остатоци, постаменти, столбови и сл.

P2150016-v1

Изворот кој денес го користи чешмата Ташачица бил експлоатиран за бањата. Водата била спроведена преку керамички цевки во системот на бањата, која веројатно имала јавен карактер. Значи, традицијата на чешмата, односно на користењето на изворот, е стара најмалку два милениума. Бањата се наоѓала во населба, можеби и во центарот. Тоа упатува дека слични објекти постоеле и во околниот простор.

Изобилството на археолошки остатоци по нивите, меѓу кои и градежен материјал, остатоци од ѕидови и сл., уште повеќе ја цврстат тезата дека станува збор за значајна населба со градски карактер.

Loading