НИТУ ЗА, НИТУ ПРОТИВ

Petara RisteskiПетар Ристески – координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Најнапред сакам да потенцирам дека прашањето за референдум е сложено прашање, со кое граѓаните на Македонија, на некој начин свесно се носат во заблуда. Референдумското прашање треба да биде сконцентрирано само на тоа дали граѓаните на Македонија го прифаќаат погубниот договор со Грција. Влезот во НАТО и ЕУ е нешто кое сите го посакуваме, но факт е дека прифаќањето на договорот нема да не внесе ниту во НАТО, ниту до ЕУ. Патот до овие организации е подолг, и бара многу реформи, подобрување на стандарди и инвестиции, нешто за кое моменталната влада се покажа како некадарна.

Јас сум против изјаснување на референдумот од неколку причини.

Прашањето е недостоинствено. Името на државата Република Македонија и нашиот идентитет, немаат цена и не се на продажба!

Договорот е крајно капитулантски. Со него има смена на институционалниот идентитет, се понижува нашата држава која е наречена како втора страна на договорот без име како што доликува, на договорот без име како што доликува, имаме наместо Македонци, граѓани на Северна Македонија. Неодамна се формира и комитет, иако уште нератификуван договорот, кој ќе почни да ја обезличува македонската историја и традиција.

Накрај ќе им оставиме во наследство на идните генерации нова држава, со нов народ и нова историја, без некаква гаранција и сигурност дека токму овие отстапки ќе ни го отворат патот кон НАТО и ЕУ.

Договорот не е добрососедски затоа што Грција нема никакви обврски дополнително предвидени од оние во Времената спогодба кои не ги испочитува.

Јазикот е препознат како автентичен и признат уште во 1977 година од ООН, така што паѓаат во вода лагите дека со договорот имаме признавање на истиот.

Со договорот Македонија се откажува од малцинствата. Децата бегалци кои се дел од црната историја, Заев со само еден потпис сака ги избрише и негира.

И за крај сметам дека прифаќањето на овој капитулантски договор, преку референдум е обид да се префрли одговорноста и вината врз грбот на народот.

Во ЕУ и НАТО не се оди со корупциски скандали, со нула инвестиции, со мизерна реализација на капитални проекти, со непотизам, со реваншизам, туку напротив со многу проекти, прогрес, напредок кој ќе го подобри животниот стандард, нешто за што оваа Влада нема капацитет да го реализира.

Јас сум Македонец, граѓанин на Република Македонија, со македонско државјанство, кој го говори македонскиот јазик и не планирам да дадам преку гласање на референдум било ЗА, било против, легитимитет на еден ваков штетен договор.

Loading