ЕФТИН ОДМОР НА КРАЈОТ ОД ЛЕТОТО

Анталија е најубавото од Турција во септември

– Како во салон за убавина во златно – сјајната вода и волшебно ситниот песок

antalija 1

 

Септември е роден за одмор во Анталија, Турција, на Медитеранот. Првата причина е погодните температури над 30 степени и многу пристојните цена за врвни хотели со ултра инклузив понуди  – “од пиле млеко”. За домаќините, гостинот е крал. Местото го прави величествено и понудата на сé што ќе се посака, до историските знаменитости. Покрај Кемер, Белек, Анталија мами со песочните плажи во кои се нурнуваат стапалата крај кристалната вода. Ас í е и традиционалната љубезност, гостопримство и традиција, дополнети со полно изненадувања од кои застанува здивот. Анталија е туристичка престолнина, бисер на Медитеранот, најстара и најразвиена туристичка област, најпосетена турска дестинација со забележителни контрасти. Од една страна модерен град со луксузни градби, продавници и широки булевари, а од друга, дел од градот околу старото пристаниште, кое уште живее во некое старо време. Според легендите, римскиот император Марко Антониј го подарил на царицата овој дел од азискиот брег на египетската кралица Клеопатра. Исклучително чистото море, убаво уредените делови од градот со мноштво зеленила, модерни продавници и етно куќи, се можности за посета на историските места и културните знаменитости. Тоа е збир, “шлаг” на незаборавното доживување низ благата клима, со над 300 сончеви денови.

16 10

Природа и историја

Анталија значи сјајна ѕвезда на Медитеранот.  Во близина се Кас, Аланиа, Манавгат и Кемер. Сликовитиот град е опкружен со планини, шуми, Средоземје и многу древни урнатини. Измешани се историјата и културата. Затоа ја викаат “главен град на турскиот туризам”. Градот го доживува златното доба, оти се трансформира во културно и историско средиште со тематски хотели кои претставуваат Венеција или катедрали во Москва.

Калеици е рустикален стар град  каде се заштитени историски турски и грчки куќи претворени во хотели и туристички продавници, одделени со тесни калдрми. Тоа е најпопуларниот дел од Анталија. До древните блиски градови се плови со јахта. Сите се богати со историскии остатоци. Во градот плени Археолошкиот музеј со поставка во 12 и галеријата на отворено. Вреди да се посетат и водопадот Манавгат, пештерите Караин и Белдиби, водопадите Сарапса Ин, Курсунлу и Дуден, кањонот Корпула.

Одмор од соништата

Долж анталискиот брег начичкани се туристички места со хотели, ресторани, чајџилници, кафетерии. Јужниот брег е магично привлечен, поради живописните заливи, топлото море и античките локалитети. Плажите Клеопатра и Ицекум се долги по 2 км. Лара и Кониалти се познати по кристално чистата вода, небаре делови од рајот. Има уште десетици места за капење. Летувањето има потполно нов пријатен начин. Интересните археолошки локалитети, живописните пејзажи, неверојатните карпи и скриените заливи, се само некои од нештата кои заведуваат.

1162030 90 z-300x240

Турската вкусна кујна се чувствува низ мирисот на рестораните  полни со понуда на специјалитети, како сарми, кебапи, тулумби… Иако е богата со луксузни хотели, сочуван е автентичниот шарм и традицијата. Низ улиците се чувствуваат магиите на турските адети. Специфичност на Анталија како и на Турција е познатото ценкање по тезгите. Трговците ќе се навредат ако не се обидите да ја спуштите цената на она што сакате да го купите. Најчесто се купува златен и сребрен накит, разни бисери и сувенири, но и производи од кожа.

Во Анталија сé е можно

Разновиден и богат е ноќниот живот. Сé е можно, од уживање во романтична вечера до лудување до мугри. Кафетериите  долж шеталиштето  на крајбрежјето се преплавени од туристи. Има избор за забави за сечиј вкус. Има толку различни места што ниту за 15 дена не се стигнува да се посети поголем дел. Сепак нужно е да се најде време за вечер за гледање на стомачни танци кои Турчинките кои изведуваат со неверојатни движења.       

Loading