МОДЕРНО ОДМОРАЛИШТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ

Сончев брег

– Животот не одмора ниту минута, ни дење, ни ноќе

1. Soncev breg - bugarskiot Las Vegas

Кога ќе слушнете за скара, пиво и слично, на која држава, која е асоцијацијата? Поискусните веднаш поврзуваат со Црното Море, кое е поевтино од Грција, Турција, Црна Гора или Хрватска. Цената на пивото се двојно пониски за разлика од Грција каде е чудо да се купи за три евра. За летување за размрдување секако е Сончев брег во Бугарија. Одличен избор е за откривање на дел од бугарската ривиера. Со илјадници хотели со една или повеќе ѕвезди важи за најмодерно летувалиште на Црно Море за малку пари, а да се добие светски квалитет.

Одморалиштето е  на крајбрежјето  на околу 30 км. од Бургас и 3 км. од античкиот Несебар. Брегот е во облик на млад месец, отворен кон исток. Во близина се “испикал” градот Несебар каде планината и морето живеат во совршена хармонија. Плажата е покриена со прекрасен златен песок со природни песочни дини. Морето е чисто. Соленоста е помала од Средоземјето. Сончев брег е најголем туристички комплекс. Со многуте хотели крај морето или скриени во ладните зелени паркови, личи на волшебна оаза.

8545445

Бугарски Лас Вегас

Во 1958 година кога почнала градбата, населбата била замислена за семејно летувалиште со десетина хотели, опкружени со стотина илјади садници дрвја, украсни растенија и други зеленила. Се создавал рај на земјата, претежно за домашни и туристи од социјалистичките земји.   Десет километри долгата златножолта песочна плажа, која достигнува широчина и до 100 метри, хотели во правилни редови, со базени околку, ретки растенија, преубави паркови, близината на пристаништето Бургас и неговиот меѓународен аеродром, невообичаено големиот број сончеви денови лете, аква парковите, се битните предности, кое од периодот на креирањето доживеа драстична трансформација. Од а мирно место за мирно семејно летување во тишина, денес е најмодерно летувалиште во кое во исто време може да престојуваат над 450 илјади гости. Предност сега се илјадниците ресторани, ноќни клубови, пабови, кафулиња, стриптиз барови, казина и останати места за забава. Затоа Сончев брег го носи епитетот бугарски Лас Вегас. Не папсува освојувањето на крајбрежјето. Никнуваат амбициозни хотели преку ноќ. Од мај групи туристи од цел свет уживаат во сонцето и на специфичната боја на  морето. Блиски се модерните аква паркови, терените за голф, велосипедите за рекреација, скутери, педалинки…, 4Д кина, водни и забавни паркови, продавници на секој чекор. Нема што нема. И долго да врне дожд, се истражува градот за врвна забава.

neckermannssunnybeach-cneckermann-640

На Брегот се живее 24/7

Плажата со песок увезуван со години од Египет, ја прави најубава на Црното море. Престојот во грандиозните и луксузни хотели чини двапати помалку, отколку на Запад. Речиси сите хотели имаат базени и мини паркови. Сончевата плажа е создадена за мераклиите за градска врева, полно содржини… Фантастичен е ноќниот живот. Голем е изборот. На секој чекор има кафулиња, ресторани, пабови, летни бавчи, стриптиз барови, дискотеки. Има и фолкотека со македонска и српска музика. Гостуваат популарни ДЈ-и. Сончев брег е дестинација за Европјани оти живее 24 часа. Лудилото трае до утринските часови со седенки по клупите и на плажата. И на плажата е полно со барови со коктели, приготвени од мајсторите за егзибиции. Отскокнуваат забавите во пена. Тешко е да се посетат сите содржини.

Може да се сретне нешто слично на улицата Црвени фенери во Амстердам, коцкарници и рестораните со чудниот мирис на храната. Љубителите на спортот и авантуризмот имаат полно предизвици – сурфање, скијање на вода, скокање со падобран, возење на јахти, скутери, одбојка на плажа, тенис, куглање, јавање коњи. За секој по нешто. Рај за деца со многу базени и забавни паркови. Сончев брег е место на кое има сонце за сите.

Бугарската кујна се чувствува во воздухот по лукот, кромидот и зачини. Влијателна била турската и грчката кујна. Задолжително бугарско предјадење се салатата и ракијата. Од јадењата со месо, ги препорачуваат “каварма” – месо и зеленчук, ѓувеч, ќофтиња и ќебапи. “Чубрица” е зачин во секоја скара. Треба да се знае и оригиналната мимика на Бугарите. Таа се огледува во негирањето. За “не”, климаат со главата како што другите народи кажуваат “да”.

Loading