ХЕРАКЛЕ И АТИНА ОД НЕБРЕГОВО

101-102-01

Дека Александар по своето потекло од таткова страна бил Хераклид, од лозата на Каран, а по мајкина лоза Еакид од лозата на Неоптолем, тоа сосема сигурно се знае

Една мермерна плоча со натпис, вградена во јужниот ѕид на селската црква во Небрегово го привлекува вниманието. Таа е мала благо профилирана плоча со релјеф на кој се претставени два лика од античката митологија на овој простор. Плочата е со димензии од околу 0,4х0,4 м. Нагласен е квалитетот преку релјеф на Херакле и божицата Атина. Херакле е познат јунак, херој и бог од митологијата на Балканот, Мала Азија, Египет и други делови од светот. Додека едни го славеле како херој, за други бог. Македонците го славеле како бог и како основоположник на македонската кралска куќа. Тој се ценел како прв крал на Македонија од кого потекнувале другите кралеви од лозата Хераклиди. По него, како легендарни, историски непотврдени македонски кралеви се сметале Хил, Клеодај, Аристомах, Темен, Кисеј и други. Меѓу нив и добро познатиот од преданијата Каран, за кого се смета дека бил крал на Македонија во 8 век п.н.е. Според митолошкото предание бил син на врховниот бог Зевс и Алкмена, жена на Амфитрион, крал на Тројзен. Зевс кај Хера отишол преправен во нејзиниот маж Амфитрион и така ја остварил својата намера да го зачне најголемиот јунак на сите времиња. Тој за тоа ја избрал Алкмена, бидејќи сметал дека само таа е способна да роди таков јунак. Инаку Алкмена била и најубава жена на своето време. Херакле се родил во Теба, бидејќи неговиот несуден татко Амфитрион бил изгонет од Арголида поради ненамерното убиство на својот дедопророштво на Мајката Земја, детето требало да биде женско и дека веднаш по него ќе роди машко дете, кое ќе го симне Зевс од престолот на небото. Поради тоа Зевс ја залагал Метида во својата постела и ја проголтал. Додека шетал, покрај брегот на езерото Тритон, ненадејно го заболела главата, толку силно што целиот небесен свод оддекнувал од неговите лелекања. Дотрчал гласникот на боговите, Хермес открил за што се работи и со дрвен чекан му направил рез на главата. Од отворот, со воен повик, скокнала Атина во полна воена опрема.

Платон, Атина ја поистоветувал со либијската божица Неит од времето на матријархатот. Свештеничките на Неит биле девици и еднаш годишно се бореле со оружје за местото на врховната свештеничка. Поради ваквите приказни за нејзиното раѓање и настаните од нејзиниот живот поврзани со оружје, Атина е претставувана во воена опрема, со долг фустан, шлем, штит и копје. Слично е претставена и на мермерната плоча од Небрегово.

101-102-03

На плочата од Небрегово, Освен Херакле, кој е претставен со својата суровица и божицата Атина со своите атрибути, меѓу двата лика на релјефот е изработен жртвеник. Ликовите се претставени во исправена положба, во анфас.

Според многубројните приказни, Херакле се смета за типичен свет крал, маж на племенската нимфа, која била инкарнација на божицата на Месечината. Божицата Месечина имала повеке имиња. Покрај Хера, Авга, Јола и други имиња, таа била нарекувана и Атина. Можеби токму оваа митолошка врска е причина за претставата на мермерната плоча од Небрегово, на која се среќаваат заедно Херакле и Атина. Тоа, веројатно е поврзано со соодветниот култ кој се негувал во овој простор, како и со приказната за потеклото на македонската династија Хераклиди од Херакле.

Loading