ИСТОРИСКА РИЗНИЦА СО МОРЕ

Римини

– Престолнина на италијанските летувалишта

njstariot most

Римини е фантастичен италијански град на синото Јадранско море. Одлично место е за избор за одмор. Го сметаат за престолнина на италијанските летувалишта. Така 50 прилепчани го избраа за летна дестинација. Влијание можеби има и фактот што е на второ место во Европа за туризам. Градот плени со историја, многубројните музеи, забава, како за млади и деца, така и за возрасни.

Патувајќи преку Србија, Хрватска, Словенија, се стигнаа во Римини. На втората средба се исполнија очекувањата, најпрвин со погледот на морето, шеталиштето. Дел од престојот се користи за капење, сончање во пријатни температури. Таман за убаво чувство. Вечерта се откриваат забавните паркови, областа Ривазура, се конзумира вкусна храна во некој ресторан и се забавува некоја од десетиците дискотеки со гости и со љубезните и гостопримливи домаќини.

 Римини е составен од неколку населби Марина, Сан Џулијано, Беларива, Ривазура, Мирамаре. Последен дел е екслузивниот Ричоне. Сите се одлично поврзани со градски превоз чии линии се до центарот, стариот дел на градот. Заради добрата географска положба може да се посети околната. Најголемата предност е близината на најмалата држава Сан Марино.

Историја, култура, традиција во стариот град

Неизбежна е обиколката и рагледување на знаменитостите. Со градски сообраќај, авантуристички дух носи во центарот. Првичниот впечаток е дека Римини е интересен град, историски и уметнички центар, заради старите градби и многубројните музеи. Но, и град со 150 илјади жители, град на Фредерико Фелини, град со традиција преку 2000 години. Оттука тргнал во походите и Цезар. Затоа името доаѓа од Мал Рим. Центарот е пешачка зона која ги поврзува античките споменици и ренесансите замоци. Импресивен е храмот Малатеста, потоа портата Августо, најстариот римски споменик, на влезот од некогашната тврдина, подигната од императорот Август. Назад е централниот плоштад Мартири со споменикот на Цезар. Околу се интересни градби. Во близина е плоштадот Кавур, опкружен со значајни градби во кои се сместени државни институции, кафетерии, луксузни бутици. Прошетката продолжува кон замокот Малатеста. Тој е институција за културни настани. На крајот од стариот дел Тибериовиот мост. Тој е најдобро зачувани римски премин кој го почнал Август, а го окончал императорот Тибериј. Импозантен е по дизајнот и конструкцијата. Римини е родениот град на славниот италијански режисер Фредерико Фелини. Се смета дека целиот град е еден вид на омаж за големиот филмски гениј.

Импресивно уредени плажи

uredeni plazi

На Римини природата му дарила плажа од 15 километри со над 250 безбедни капалишта. На брегот се кренати преку 2000 хотели. Секоја плажа е обележана со број. Сите се јавни и организирани. На секој чекор има чадори за заштита од сонце и лежалки. Секоја плажа има слободен простор да се постават крпи. Дел од хотелите ги закупиле плажите за своите гости. Тие им организираат дневни и ноќни забави на туристите. Околината е окупирана и со уредени терени за разни спортови, со игротеки за деца, тушеви, тоалети… Се организираат рекретивни програми, како на пример играње зумба. Водата е матно зеленкаста. На прв поглед не изгледа привлечна, но хемиски и бактериолошки е исправна. Заматеноста потекнува од песокливото дно. Топла е и длабочинатата постепено се зголемува.

Вкусна храна во изобилство

Римини е  богат со ресторани, дискотеки, долж плажата и по хотелите. На менито се вкусни пици, лазањи… Цените се различни, во зависност од длабочината на џебот. Во Римини, мора да се проба специјалитетот Пјадине. За 5-6 евра паѓаат гурманите на тестенини со сирење, салама, пршута или друг вкус. Раскошна е ресторанската понуда, од риби и мроски плодови до различни други гастрономски мајстории на италијанските кулинарски виртуози. За десерт најчесто се бара оригинален италијански сладолед за 1,5 евро.

Сан Марино во комшии

Вредно е да се види Музејот на минијатури, делфинариумот во  најмалата држава, Сан Марино на 40 минути возење со автобус. Државата е континентална. Нема морски брег. Голема е 61 км2 населена од околу 30.000 жители. Главениот град го носи истото име. Тесните улички со полни со бутици. Во центарот доминира Парламентот, тука е замокот, црквата, кулите… Завршницата е долго паметење.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading