СЕ СЕЧАТ МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ

pismo-2

Не можам да молчам, бидејќи молчењето ме прави соучесник. Паралелно, ми се смачи да го читам Преспанскиот договор. Мазохизам каков што не видел светот. Збришани сме во сé и сешто. Гробари на сопствената ни земја. Каде се научниците? Што кажува МАНУ, таа бескорисна институција и товар на државата?

Само излигавена и на колена Македонија е нивниот опстанок. А нас ни треба среќа само еднаш. Нив, цел живот, плашејќи се од одговорноста. Не можеме да не ја браниме вистината, оти минатото е непроменливо. Хеленизам не постоел во античкиот период.

Ќе се обидам да го изострам нивното внимание за нивното невнимание кон сопствените корени. Историјата е сторија за она што се сторило. За почеток ете еден интернационализам од чисто античко-македонско потекло. Грчката етимологија на македонското име не може ниту на еден начин да го докаже и да го утврди грчкото потекло на античките Македонци. Родното место на Аристотел, учителот на Александар Македонски, е Стибера. Околу се Пелагонија, Алкомена, Линк, Хераклеја, Хискана, Керамија. Мајката на Филип Втори, Евридика, е родена во Пелагонија, денешното село Бонче. Македонците го носат своето име континуирано 7500 години. Грчкиот писател Атенај во своите записи вели дека античките Елини презеле голем број зборови од јазикот на Македонците. Кога Александар Македонски се наоѓал во смртна опасност ги повикал телохранителите на својот мајчин македонски јазик. Ова го вели античкиот историчар Плутарх. И продолжува: ,,Александар Македонски секогаш се чувствува Македонец и секогаш ги брани интересите на Македонија, а светот го освојува за Македонија и Македонците,,. Во својата биографија за Александар Македонски, латинскиот историчар Квинтиј Руф јасно сведочи дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Во филиповата војска генералите исклучиво биле Македонци, затоа што Грците не го знаеле македонскиот јазик. Јазикот на античките и предантичките Македонци е јазик на современите Македонци.

Старото име на Охрид е Лихнида (лик, убавина, личотија), а Охрид значи злато. Старото име на Штип е Астибо (јас,ти и Бог). Старото име на Велес е Аполон, Богот на сонцето. Потоа доаѓа името Била Зора (по зората доаѓа сонцето). Старото име на Прилеп е Керамија (Кера е Хера, што значи љубов, а таа е жена на Зевс, а Зевс е Егеј, а негови потомци се Егејските Македонци). Со исто значење е и Битола, Хераклеја. Така може да се реди за сите градови во Македонија.

Јустинијан е татко на правниот ситем во светот. Роден е во селото Таор во близина на Скопје. Неговото вистинско име е Вправда (Правда).

Уште неколку антички, македонски зборови: сал со Бо  см, (само со Бог сум), печат од Осинчани – ости јареј (остани арен), кол клеса го ова (кој го направи ова).. Во темелите на манастирот Трескавец најдени се статуите на Аполон и Дарон (даж Бог – дарува дава). Најдревното македонско писмо е најдено во Јужна Франција со имињата: Михо, Асен, Гоце, Кадмо, Тоте, и со зборовите: буф, луѓе, убива, останува, умира. Лексемата Прилеп (Пријам) кај Китите означува прв. Лексемата Прилеп го означува првиот остров на кралот Пријам (митскиот Бог на Троја, Тројанци, островјани (имало 24 острови од кои прв е Прилеп).

Се заборава дека македонскоантичката држава постои најмалку 14 века пред Христа, дека Македонците ги има на историската сцена на ист простор, под исто име со сити имиња на топоними. Нема место чиј топоним е променет од грчки на македонски, но сите имиња се променети од македонски на грчки. Тоа безмислено правило на насилно преименување постои и денес, но и во Договорот. Мегаломанската свест носи чувство дека тоа што ти се допаѓа, тоа и ти припаѓа.

Прим. Спец. Д-р. Б Дамески

Loading