ЕНИГМАТА – ДИМИТАР ТАЛЕВ

Прилепски писател во Бугарија

Dimitar TalevИмав можност да прочитам голем број на статии на Димитар Талев, меѓу кои и четирилогијата – „Железниот светилник“ „Преспанските камбани“ „Илинден“  и „Гласовите ви ги чувам“.

Димитар Талев е роден во Прилеп во 1898 година. Син е на Тале Палисламов. Основно образование завршил во Прилеп и Битола. Студирал во Беч, Загреб и Софија. Тој е толстоевски тип на поет, патриот-филозоф, типичен романтичен прилепчанец, народен филозоф, народен психолог по раѓање, продукт на прогресивната атмосфера на Прилеп и тивките патриотски вечери во неговиот дом.

Вели – ,,Бугарското е основно во мене, а националноста е мој тон,,. За жал, трагедијата на една личност почнува кога ќе сфати дека во истиот човек се вградиле и Исус и Јуда.

 Како Талев го гледа Илинденското востание. ,,Илинденските херои во перспектива ја гледаат одвоеноста од тиранот на автономна Македонија, соединета со мајката Бугарија, остварувајќи ги на крај своите врвни идеали,,. Внесува во себе социјалистички патриотизам и пролетерски интернационализам. Статиите од триесеттите и четириесеттите години од минатиот век одразуваат идејна самозаблуда во врска со македонското прашање. Задоен од детските години, туку, во рамната Пелагонија, да í служи на бугарштината. Неговите дела се длабок автобиографски производ, тема за Македонија, носталгија кон својот роден крај. Талев е крајно врзан за Македонија, за темата разбирање, а не како јаболко на раздорот.

Неговата индивидуалност се градела со постојани контакти со прилепчаните кои ги познавале сите непријатели и сите мрши во своето стадо. Од секој негов ред извира носталгија. Легендарниот Прилеп е заблуден со вал на легендарност идеализација на моралот на граѓаните. Тој е воодружен со спомените на градот, што за него претставуваат цел народно психолошки атлас – толку квалитети се опишани за овој град, кој во своите дела го преименува во Преспа, а неа во Бугарија. Зборува за проклетата ропска психологија како најопасна пречка за национална и индивидуална слобода. Прекрасно ја опишува во делата психологијата на ропството со компонентите на страв, хероизам и митологизирање на јунаците. Талев внесува корекција за нашата претстава за дедовците. Потребно било да се спаси фамилијата, да се спаси честа, имотот. Какви трупања на националниот карактер биле нужни да се скокни од пасивен во активен отпор. Поробувачот не се шегувал и геноцидот не чекал да созреат специфични услови да се појави страшната анадолска сила. Зборува за луѓето, поклоници на националниот нихилизам или за луѓето кои уште се наоѓаат во ропската сентенција – ,,Наведната глава, остра сабја не ја сече,, за луѓето кои се влечат за опашката на збиднувањата. Подоцна, враќајќи се кон минатото, како да ги моли поколенијата за прошка и со доблест на голема личност, спсобен е да ги искористи своите грешки да ги воспитува младите генерации во духот на патриотизмот. Творештвото му е своеобразна енциклопедија на човечки чувства, родени од љубовта кон родината и страдањата, поради најголемата несреќа што може да го снајде еден човек – да стане предавник на своите.

Во книгите се среќаваат прилепските фамилии, Шајкаровски, Маџарови, Дона Крајчева, Павле Локвенец, учителот Рајко Кутрев, Вртановци, Таки Брашнарот, Миле и Ноне Рибарите, стариот чорбаџија Марко Брашнарот, Борис Мутавџиев, Ице Шмаке, учителот Никола Димкар, Шољевци, Шоповци, Ортомџиевци, Бомболовци и др.

За крај, оваа анатемисана личност  – Димитар Талев – со сите негови мани и доблести, сепак е наш. Покајанието го признава секоја религија и секоја демократија. Преку неговите дела подобро се осознава историографијата на Македонија, псоебно историјата на нашиот град. Да ја збогатиме нашата ситорија токму со нашите луѓе.

Прим. Д-р. Благоја Дамески

Loading