ДРЖАВНО МОТОКРОС ПРВЕНСТВО ВО НОВО ЛАГОВО

В недела

motokros

Мото крос арената кај селото Ново Лагово в недела од 10 часот ќе ги собере македонските најдобри мотокрос тркачи на државното првенство на Македонија во мотокрос – Сторм Рајдерс 18. Организатори на натпреварувањето на кое се очекуваат неколку десетици вљубеници во овој авантуристички спорт и уште стотици набљудувачи, се клубот за екстремни спортови Скај рајдерс, мото клубот Ноќни волци, локалната самоуправа и Мото федерацијата на Македонија. Мотокроситите ќе се тркаат во категориите MX1, MX2, MX3.

Loading