СТОБИ ФЛИПС НА ПЕТ КОНТИНЕНТИ

Vitaminka na SIAL 1

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс, Витаминка продолжува со одбележувањето на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус. Роденденското пакување го покажува неизменетиот изгледот на Стоби флипс минатите 40 години, исто како оригиналниот непроменет и препознатливи вкус. 

Стоби флипс е бренд број 1 кај повеќе генерации не само кај нас. Сетилото за вкус е во еуфорија и кај странците. Американците не само од македонско потекло одамна го конзумираат македонскиот бренд. Нашите сонародници во Австралија и Канада растат со Стоби флипсот и во третото колено. Покрај европските земји, стигнува и во Африка и Јужна Америка, Арапскиот полуостров, Индија, недогледната Русија, па и до дел од над милијардата жители на Кина. За комшиите на Балканот и да не се зборува. И тие се ,,зависници,, од бебиња до возрасни личности. Веќе четврта деценија Стоби флипс се најдува на сите пет континенти. Своевиден куриозитет е што го откриваат и мигрантите од Африка во Грција. Нашата камера го фати Стоби флипс во Магнус издание во рацете на едно црно мало дете врзано на рамениците на својата мајка која обезбедува храна за семејството со продажба на сувенири на грчките плажи.

thumbnailВитаминка на саем во Шангај

Барајќи нови пазарите, Витаминка вторпат ја изложи производната палета на саемот на прехранбената индустрија во Шангај во Кина. На трите саемски дена меѓу 3400 изложувачи од 70 земји, Витаминка преку иновативна и креативна презентација уште еднаш го демонстрира квалитетот, препознатливоста и идентитетот на Стобифлипс, Цевитана, Атлантис и останатите брендови.

Витаминка неколку пати има направено испораки на производи во Кина.

Прехранбената инсустрија од Прилеп редовно е застапена на саемските манифестации низ целиот свет, воспоставувајќи директен контакт со дистрибутерите, синџирите на маркети и со потрошувачите. Со тоа отвора нови пазари и го лоцира клучниот чекор во развојната стратегија на компанијата.

Loading