ИН МЕМОРИАМ – ЦВЕТАН БЕЛИЧАНСКИ (1921 – 2018)

Cvetan BelicanskiНа 23.05.2018 година, беше погребан пензионираниот универзитетски професор Цветан Беличански, дипломиран историчар, доајен на прилепската и македонската просвета и виден општественик.

Професоруваше во Гимназијата ,,Св. Климент Охридски,, во Охрид. Беше   професор и директор на Гимназијата ,,Мирче Ацев,, и прв директор на средното  економско училиште ,,Кузман Јосифоски – Питу,,.

Предаваше национална историја на Педагошката академија во Битола и Скопје. 

Добитник на престижното признание – Златна плакета на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје.

Коавтор на монографиите ,,Сто години – Тутунски комбинат – Прилеп 1873-1973,,, ,,Прилеп и Прилепско низ историјата,, и ,,Гимназијата Мирче Ацев – Прилеп – 50 години настава на македонски јазик,,. 

Членуваше во Организациониот одбор и Редакцијата на симпозиумите ,,Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни,,, ,,Прилеп и Прилепско 1941,1942,1943,1944/1945 година,,.

Беше еден од најстарите и најактивните членови на Друштвото за наука и уметност – Прилеп и Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните поддржувачи, а во 2016 година беше почестен со роднокрајното признание –  Третоноемвриската награда на градот Прилеп.

Неговата родољубна историчарска реч со години се слушаше од Могилата на непобедените и од други историски знаменити места во Прилеп и Прилепско и подалеку. 

Во работната и животната средина важеше за омилен професор, колега и сограѓанин, многу начитан човек, со сјајна меморија и ретка говорничка дарба и жив интерес за културните случувања. 

Loading