ОЏАКЛИЕСКА – НОВ ДЕКАН

dragica odzaklieskaЕкономски факултет

Наставно-научниот совет на Економскиот факултет одлучи менаџирањето со оваа високообразовна институција во наредниот четиригодишен период да и го довери на проф. д-р Драгица Оџаклиеска. Професорката Оџаклиеска ја доби довербата од Факултетот на тајно гласање врз основа на поднесена Програма за развој на факултетот во мандантниот период од 1.10.2018 до 30.09. 2022 година. Одлуката на Наставно-научниот совет едногласно ја потврдија членовите на Сенатот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,,  во Битола.

Во наставно-образовниот процес на Економскиот факултет. Оџаклиеска е вклучена од 2001 година како демонстратор, па сé до денес како професор кој изведува настава на прв, втор и трет циклус на студии. Научната преокупација на на оваа респектабилна високообразовна институција со традиција од шест децении í е меѓународната економија, финансиите и банкарството. Оџаклиеска е автор на над 50. научноистражувачки трудови, публикувани во домашни и меѓународни научни списанија и учествува во реализацијата на повеќе научно истражувачки проекти.

Главна стратегиска цел дефинирана во Програмата за работа врз основа на која Оџаклиеска беше избрана, претставува определбата за зголемување на атрактивноста, отвореноста, препознатливоста и конкурентноста на Економскиот факултет. Ваквата определба особено доаѓа до израз во услови на значајни промени во сегментот на високото образование што ќе бидат последица на имплементацијата на одредбите од новиот Закон за високото образование. Интегрална компонента на Програмата претставува унапредувањето на квалитетот на наставно-образовниот процес во Факултетот, имплементацијата на напредни образовни методи, афирмирањето и реализацијата на обемна научно-истражувачка дејност и интензивирањето на соработката со стопанството, особено преку понуда на консултантски услуги за бизнис секторот и воспоставување на систем за перманентна комуникација и соработка меѓу Факултетот, студентите и компаниите.

Loading