МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (18)

Screenshot 1Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

-Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 12. Раненичиња земени од други населени места во село Марул

3. Кормакоски Најдо од село Маково земен ранениче кај Гулабовци во село Марул. Домазетицата Гулабоска Мара и Тале Кормак имаат три деца девојчиња: Благуна, Василка и Крста. Како да не биле задоволни од својот плод поради што се сите женски, се одлучиле Мара и Тале зеле раненик за наследник на нивниот имот. Раненикот го зеле од село Маково, овој е внук на Тале по име Најдо. Штотуку дошол раненико Најдо, Гулабовци го изгубиле имотот преварени од Аце Џуке. Најдо останал и понатака да живее во нивната фамилија. За време на Првата светска војна при судирот на Австроунгарската војска во октомври 1915 година на реката Дрина кај градот Фоча, Најдо Кормак загинува како српски војник неоженет за што поопширно пишувавме.

4. Дуна Мамаликоска, сирочката од село Мојно земена раненичка кај Петре Павлески во село Марул. Брачниот пар Павлески Петре и сопругата Тема Бешлакоска од Подмол имале родено повеќе деца. Од родените деца го имале живо само Ванчо роден во 1909 година. Плашејќи се од несреќата да не останат и без него, се решиле да земат едно дете ранениче. Нивната намера ја разбрала малската комшица Здравеска Стојаница Чона Мамаликоска од село Мојно да има внуче од брат е, девојче се вика Дуна. Ако сакаат да го посинат има 11 години, родена 1900 година. Петре и Тема ја зеле дома Дуна, ја посиниле Дуна, растела во 1918 година и се родило присестра и ја крстиле Трајанка. Петре и Тема ги изгледале сите три деца, ги удомиле и сите си имаат свое потомство. Раненичката Дуна се омажува за Јанкоски Крсте во село Марул.

5. Чучуроски Кире од Прилеп земен ранениче кај Колевци од село Марул. Крсте Стојанов Мојсоски Колески женет за Каранфилка Аџоска од село Добрушево. Крсте и Каранфилка подолго време живееле во брак како да биле од севишниот Бог немале свои деца. Со нивниот интерес нашле дете сираче без родители кај Чучуровци во Прилеп. Се вика Кире на возраст од 3 години. Во 1913 година Колевци го зеле Кире и ја зголемиле куќата за уште еден член. Кире кај Колевци си најде дете другарче Веле постаро само две години, тука се комшивските вреничина Видан и Јованче Мурџески. Ванчо Павлески се приклучува и Ќазим од Мемишица Селијоска. Кире е прифатен од сите во куќата поготово од новите родители Крсте и Каранфилка. Колевци се домаќини со закрепена економија. Мојсо, братот на Крсте е на печалба во Америка, пратил пари и ги купија двата чифлизи на беговите Емин и Ремзија. Завртија булук овци, Веле и Кире одат овчари наизменично. Кире бил здраво момче со голем мерак во стоката, било крупна или ситна. Во 1926 година се разболела маштеата Каранфилка и умрела. Очувот Крсте се преженува за вдовицата Божиница Талеска од село Чумово иначе Митра Мамаликоска. Од 1930 – 1932 го завршува воениот рок . Во 1934 година Кире се жени за Велика Симоноска од село Ношпал. Во септември 1944 е мобилизиран во Втората македонска народноослободителна ударна бригаде. Доаѓа времето се поделуваат Веле и Кире, ни збор ни кавга во нивната делба. Тоа е еден голем пример како се живее во слога еден долг период со меѓусебно почитување. Не се слушна за нивните односи некој лош збор. Во 1954 година Кире изгради стандардна куќа со големи прозорци. Кога улогата во куќата ја презеде неговиот син Благоја, Кире тргна летен овчар со најубави овци меѓу овчарите. Неговиот карактер беше мерак во стоката и работата сработена педантно, хигиенски, негов понос со ластеки затегнати ракавите на кошулата. Потстрижен, обричен. Реален во сите работи. Мразеше лаги и недолични зборови. Сите во селото признаваат да Колески Кире и Јанкоски Крсте се најдобрите косачи на трева во Марул. Кире и неговата жена Велика одрастиле три деца, ги удомија и си имаат свое потомство. Кире се пресели во Прилеп, умре на 70 години во 1980 година, тажен за селскиот живот.

6. Трајкоска Неданова Божна од село Подмол дадена ранениче кај Николовци во село Марул. Јошески Петре женет за Петкоска Велјанова Митра Рунческа од село Бонче. Петре и Митра во нивниот брак имале само едно дете машко, го крстиле на дедо му Никола. Детете умрело по неколку месеци во 1922 година. Петре и Митра поради што немале свое дете да ја развесели нивната куќа со детски џагор и наследник на нивниот имот, решиле да земат ранениче. Еден ден кај Николовци дошла нивната комшивка Колеска Мојсојца Неда, родум лопатичанка од Никовци. Мојсојца му ја раскажала сета трагична работа со нејзината прва другарка Донка Попоска да умрела и сега таткото роденото дете Божна го дава за ранениче. Направиле средба таткото на Божна Недан Бабјако. Петре и Митра бидејќи Недан работи мајстор нема можност да ја гледа малата Божна без домаќинка, ја дава на посинување. Петре и Митра ја прифатиле понудата од Недан, ја зеле и посиниле Божна родена во 1926 година. Недан законски му ја предал ќерката на новите родители, си го зел постарото дете Трајко и се иселил во Прилеп. Божна раненичката израсти мома за мажење. Есента во 1950 година Николовци на Божна и зедоа момче домазет, Стојан Ѓорѓиоски од село Бешиште. Божна и Стојан имаат свое потомство, шест деца, сите се удомени, имаат потомства.         

Продолжува

Loading