ЉУБОВ, ПАРИ И УСПЕХ СО ТРИ ВОЛШЕБНИ БИЛКИ

orhideja

Среќниот бамбус е лесен за одржување, а фенг шуи мајсторите веруваат дека привлекува позитивна енергија. Бамбусот со завиена верзија на стеблото привлекува успех. Ако сакате среќна љубов и стабилен брак ставете два бамбуса во вазна. За повеќе успех и пари во домот, чувајте 3 или 9 бамбуси. Најдобра позиција е левиот дел од домот или колку што е можно најоддалеченото место од влезната врата.

Волшебниот цвет на орхидејата во фенг шуи се користи за пронаоѓање на нова љубов. Доколку сте осамени, искористете ј амагијата на орхидејата и чувајте една покрај креветот во спалната соба.

ukrasen bambus

Зелениот бршлен е декоративна билка која совршено се вклопува во секој дом. Празните полици или мртвиот агол се идеално катче за златниот бршлен кој го отфрла негативното, а привлекува светлина. Ова го нагласуваат шуи мајсторите.

Фенг шуи е традиционален систем од кинески вештини и пракси на аранжирање на предметите (како мебелот) во домот и во работните простории кои им помогаат на луѓето да ги постигнат своите цели. Фенг шуи се користи првенствено да се одбере местото на живеење и на работа.

zelen brslen

Loading