ПРЕСУДНИ ТРИ КОЛА

Фудбал

Екипата на Победа и покрај добрата игра ,,врза” два пораза, од Академија Пандев (1-0) и од Работнички (4-2), така што надежта е во преостанатите три кола. В недела е мечот на неутрален терен со Силекс, в среда гостувањето на Скопје, а последниот меч е ,,домашен” со Ренова. Во опција е само спасоносното место за бараж, т.е. осмото место. За него се борат: Скопје, Победа и Пелистер.

Важен резултат беше во средата Шкупи – Пелистер (5-2).

Loading