ЦВЕТАЊЕТО НА КОШАРКАТА

Историја

Istorija kosarka

Буеше кошарката во Прилеп при крајот на седумдесетите и во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век додека сега, покрај погодните околности, нема градски клуб. Пред неколку децении немаше маало без свој клуб. Се организираа маалски импровизирани терени со табли и кошеви на земја додека само во некој од дворовите на основните училиште се најдуваше по некој  кош за рекреација во популарниот баскет на тројки. На асфалтниот терен на ДТВ Партизан лете немаше игла кај да се фрли. Така никнаа седум – осум маалски клуба кои првин се натпреваруваа во општинската лига, а потоа и во регионалната. Од најдобрите се форсираше доминантниот градски клуб, Гоце Делчев.

Меѓу маалата се родија КК, Корзо, Варошко Маало, Центар, Бончејца Тризла, Вишне… Се вивна кошарката и градскиот клуб порасна.

Еве една слика од КК Тризла, кој го организараше поранешниот пазарен инспектор, сега во пензија, Трајче Стојаноски. Поголемиот дел од кошаркарите станаа дел од екипата на градскиот клуб. Веројатно тие ќе се препознаат, а ние ќе ги одгатнеме, Ангелески, Јованоски, Конески, Матески, Карески, Богданчески…

Loading