ЛИТЕРАТУРНИ ДЕЛА НА НАШ ЈАЗИК

СОУ Ѓорче Петров

SOU Gjorce Petrov

И оваа година, по повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик, се оствари повеќегодишната традиционална литературна соработка меѓу СОУ Ѓорче Петров и Младински информативен и советодавен центар на Коалиција на младински организации СЕГА. На Конкурсот ,,Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување,, учестваа 17 ученици. Првото место му беше доделено на Николче Мојсоски од 3-2 кл. за творбата Пространство, под менторство на проф. Лидија Ристеска. Второто место И припадна на Благица Наумова од 2-1кл. за творбата Желба, под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Третото место го освои Ајнур Ризоски од 4-5кл. за творбата Копнеж што не се враќа, под менторство на проф. Оливера Димитријоска. Учествуваа и активисти од Франција, Молдавија и Бугарија, кои се претставија со презентирање на поетски творби од реномирани поети од своите земји, на мајчин јазик.

Ги поттикнуваме нашите ученици да се изразуваат преку боите на пишаниот збор. Задоволство е да се почувствува како се гради светот во боите на младешките соништа.

Loading