И РИПЛИ ГО ЗНАЕ СЛОНОТ

Ремек дела на природата

Фреска и човечка интервенција на природната фигура

Nedovolno iskoristena prirodnata virtuoznost

Покрај луѓето, и природата извајала исклучителни дела. Атрактивна карпа налик на слонова глава создадена од две природно споени карпи се наоѓа на археолошкиот комплекс Маркови Кули. Камениот слон што седи, што некои го препознаваат како штрк, висок е околу осум метри, поставен на сопствен карпест постамент во подножјето Кулите. Од слонот, градот се гледа како на дланка.

И познатиот истражувач Роберт Рипли го поставил како мало чудо на природата во енциклопедијата на светски познатите природни реткости.

Слонот е анонимност

Просторот под природната карпа е уреден да претставува туристичка атракција.

– Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани богатства, иако се магнет за љубопитни туристи. Дестинација на намерни патници е комплексот полн со артефакти од многуслојни милениумски историски периоди. “Таинствениот ковчег” со археолошко и природно благо не е доволно откриен и уште е скриен да се развие силна туристичка перспектива. Очекуваме уредувањето на околината на Слонот интензивен процес на истражувачки, конзерваторски и реставраторски работи во комплексот Марковите кули. Само така Слонот и Марковите кули ќе влезат во картите на туристички атракции – вели прилепчанецот Никола Мирчески. 

Според него, неисцрпни се легендите од старите варошани дека околината е чистилиште на злосторства и гревови.

– Луѓе со лоши дела доаѓале во камарите на постаментот секогаш полни со вода на миење на рацете и лицето да ги исчистат гревовите. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Бездетни жени вртеле околу Слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Овој обичај бил осуетен од црковните власти и бил прогласен за пагански. Така бил прекинат – вели Мирчески.

Не е само природа, туку и човечка рака

Публицистот Тренчо Димитриоски пренесува дека карпата во форма на глава на слон има специфични интервенции од човечка рака.

– Жителите од древните населби на Варош и Марковите кули биле вклучени во духовниот и материјален живот, врзан за Слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, просторот можно е да бил култно место за ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара од половина квадрат во кој уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена. Карпата, Слонот, е позната и преку енциклопедијата од светски познатиот истражувач Роберт Рипли, за кого таа е чудо на природата –  објаснува Димитриоски.

Мирчески раскажува предание од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на Слонот била врталиште на богомилите, бидејќи било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош прераснала во христијански центар со повеќе храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот.

Како и да е,  не е стивната идејата за комплетно уредување на природната склуптура. Тоа би било поттикнување на туристичките предности. Не само на Слонот, туку и на природните и културните вредности на комплексот Маркови кули.

Слоновите на Ханибал кај слонот“?

Починатиот собирач на народни преданија, Благоја Алексоски во своите книги, пренесува претенциозна легенда која оди до таму што зборува дека Ханибал по освојувањата на Рим ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон. Тој велеше дека луѓе со силна фантазија “пуштиле муабет да се крене туристичката цена”, откако Слонот е забележан во риплиевата енциклопедија како природна скулптура.                                                                      

Loading