ШЕЌЕРИНСКА ЗЕМА 78.791 ДЕНАР, А ТАЛЕСКА ЗЕМА… ?

Локалната транспарентност во темнина

aktuel

Иако локалните власти се колнат во транспарентноста и ангажираа уште 4 лица во одделението за односи со јавноста, сепак комуникацијата со медиумите не им оди брзо и лесно. Ако на интернет страницата на Министерството за одбрана може да се најде колкава плата зема министерот Радмила Шекеринска, раководителите, членовите на генералштабот и на другите раководни структури во армијата и министертвото, на новата страница на прилепската локална самоуправа не може да се најде колкава е платата на градоначалникот, колкави се основните надоместоци на 29 -те советници, а уште помалку на раководителите на секторите. Дури такаречи до вчера на интернет страницата стоеше и правилникот за ситематизација на работните места од пред десет години каде на општинскиот список имаше и починати, и пензионери, и министри, и пратеници. По написите на весникот Зенит, правилникот е заменет. Но и покрај сета декларативна заложба за јавност, локалците не се охрабрија да информираат дека ја сметнале од ВЕБ страницата бајатата  систематизација и ја поставиле новата од 2015 г.

CIMG2605

Дали на новите локални власти со пет портпароли не им е мерак граѓаните да знаат “кој број гаќи носат локалните функционери”, иако за тоа се плаќаат многу буџетски, граѓански пари и дали локалците ги кријат примањата како змијата нозете? Некој рекол дека онаму каде што нешто се сокрива или се ескивира да се даде јасен и комплетен одговор, мириса на нешто сомнително или расипано. Сведок дека на општинските функционери не им лежи транспарентноста е делумниот одговор на прашањето на Зенит за бројот на вработени во одделението за контакти со граѓаните, невладините организации, облиците на месна самоуправа, информирање, правна помош, предлози и претставки. Според законот за слободен пристап до информациите, Зенит на 15 декември лани упати барање за тоа кога е формирано одделението за односи со јавноста, колку лица работат, во каков работен однос се, кога е распишан конкурс, со какво образование се, каде биле претходно вработени, односно од каде дошле во локалната самоуправа, дали некој доаѓа од бирото за вработување и колкави им се платите. Надлежниот службеник задолжен за одговори по прашања за слободен пристап до инфомациите на 23 јануари, осум дена по истекувањето на рокот за одговор од 30 дена, напишал дека во одделението има само двајца вработени, еден дипломиран новинар и еден дипломиран филолог со плата од по 23 000 денари кои биле вработени преку конкурси во 2009 г. и во 2012 г. и дека одделението е формирано во 2007 г.

Надлежниот работник го избегнал одговорот на прашањето каков статус имаат останатите вработени.

CIMG2606

Не напишал дали новинарот Моника Талеска на 1 декември лани е избришана од списокот на невработени во Бирото за вработување и преку агенцијата за привремени вработувања Реалност е ангажирана во локалната самоуправа. Впрочем, таа самата се пофали со имејлите дека и завршил статусот слободен новинар и веќе е ПР во локалната самоуправа. Дури на ФБ профилот примаше честики и изразуваше благодарност. Надлежниот работник “заборавил” или му рекле да заборави да напише одговор дали на Талеска последното официјално работно место и било во нејзината фирма Медиа програм, со порталот и месечникот Патоказ, а  која на 5 мај 2017 година згаснала со стечај и плата во висина од мининалецот од околу 11 илјади денари. Останува во темнина одговорот на прашањето по чиј налог надлежниот работник не ги обелодени податоците за статусот на Златко Димкоски, политиколог, поранешен портпарол на ОО на СДСМ.

CIMG2607

Пред неколку месеци тој соопшти дека работи како човек за односи со јавноста во локалната самоуправа. Дури Талеска ги даде броевите на нејзиниот и телефонот од Димкоски, новинарите да бидат во контакт 24/7 за секоја потребна информација. Дали под мрак и плашт на таинственост е одговорот за новиот вработен или ангажиран за договорни услуги, новинарот и носител на проектот на порталот Публикум и дописник на дневниот весник Слободен печат, Зоран Милошески. Иако тој на 4 јануари, до колегите упати СМС порака со нов службен телефонски број за контакт како ПР човек од локалната самоуправа, нема светлина за неговиот работен однос. Енигма останува и висината на платите на тројцата нови портпароли.

CIMG2608 

Очигледно дека локалните власти само ангажираат нови лица за односи со јавноста без конкурс. Досегашните двајца се засилени со уште тројца, за чиј статус нема јавност, иако во систематизацијата веќе има три слободни места. Ако се толку нужни и потребни не јасно е зошто не се откријат картите и преку оглас да се пополнат проектираните слободни места во “одделението за пиАРЧЕЊЕ”! Останува прашањето дали локалните власти не би ли требало да направат редукција на пиарчовците со оглед на огромните трошоци и заложбите за штедливост и рационалност. Дали е потребно за оваа намена, не вклучувајќи ги ангажманите на фоторепортери, и сниматели, на администратори на  ВЕБ страница, да се трошат толку граѓански пари. Дали заколнатите луѓе, домаќини, сегасе на прагот на аздисаност. Дали сега не би требало да ги скусат можностите за вработувања, односно за ревизија на систематизацијата која како да е скроена по нивни терк и во која речиси уште имињата не достасуваат?!

CIMG2609

Многу прашања се надвиснати над локалната самоуправа која со шминки и целофан претенедира да го спакува и разубави имиџот, а суштински да ги ескивира одговорите за јавноста. Дали отидоа во ветер ветувањата за транспарентност и отвореност пред локалните избори, откако се залегна во дебелите фотелји. Зар треба некој да праша или е морална обврска градскиот татко да ја соопшти платата по урнекот на заменикот претседател на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска. Таа објавила на официјалната веб страница на ресорното министерство зема плата од 78. 791ден. Не треба многу логика да се заклучи и процени дека паланечкиот менталитет доминира во локалната самоуправа, а развојот на “закочените” демократски текови, за кои се чукаа во градите и се пенавеа по митинзите, сега им се далечни и туѓи. Јавноста останува лишена од основните податоци за платите. Недај Боже некој да посака да пробуричка нешто подлабоко во служба на јавниот интерес.

CIMG2610

miloseskiНе само што постои опасност да наиде на ѕид, туку во потрагата по светлината може и да добие стап, поради тоа што сака да го пика носот каде што “не му е местото”. Такви се толкувањата на локалните власти од актуелната политичка гарнитура.

Како и да е, Зенит ќе ги искористи сите законски можности да дојде до одговорите за статусот на новоангажираните пиарчовци во локалната самоуправа, бидејќи, законот односно правната држава, ако некој сака да почитува легислатива, е на негова страна. Ќе го упатиме прашањето до повисоката инстанца, до Комисијата за слободен пристап до информаци. Ќе чекаме одговор да ја задоволиме љубопитноста и да не ја осиромашиме јавноста за претставата за поинаквиот однос на актуелната локална самоупрва во споредба од претходната, како што сметаат сегашните носители на општината. На крајот, нели постојат и казнени одредби во Законот за непочитување на неговите членови или изигрување на неговата срж?

Zlatko i Mona

Loading