ФОРМИРАН ДЕТСКИ ХОР СВ. ПЕТКА

sv petka hor

Формиран е детски црковен хор Св. Петка, кој на младите дечиња ќе им понуди развивање на музичките способности, како музички внатрешен слух, вокалната техника, групно музицирање, од една страна, додека од друг аспект хорот нуди структура, работна дисциплина и навика, чувство на одговорност и, што е најважно, чувство на постигнување и интелектуална надградба. Ќе членуваат деца од 5 до 15 години, а по официјализирањето се одржа предавањето на тема “Музиката како средство за издигнување на човечката душа и како средство за воспитување на младите во светлината на Богојавленската тајна, на кое говореше протопсалтот м-р Гоце Секулоски, кој во областа на црковното пеење во Македонија делува повеќе од 20 години.

– Од духовен аспект, децата ќе имаат можност, со повременото учество на Светите Литургии, да се запознаат и со основните вистини на Православната вера и себеси, а со пеењето да станат дел од богослужбениот живот на нашата Света Црква. Запознавајќи се со источно-црковното пеење, кое е старото македонско пеење, младите членови на детскиот црковен хор ќе ги научат благословените музички химни, кои се пеат на Св. Литургија – велат надлежните.

Организирањето на детски, односно младински црковни хорови е дел од културниот живот во многу земји во светот, првенствено земјите од ЕУ. Многу детски хорови се дел од црковните традиции на православните држави како што се Србија, Романија, Грција, Русија итн. Во Македонија постојат неколку детски хорски ансамбли, кои повремено учествуваат на црковните богослужби во нивните заедници, додека во Прилеп бил организиран сличен хор меѓу двете светски војни. 

Loading