СТРАВОТ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ТЕАТАР

Младинска претстава

2 pretsava

Група младинци подготвуваат театарска претстава. Не само што актери во претставата се ученици, туку и режијата и изборот на костимите е во рацете на деца. Подготовките ги интензивираат затоа што нивниот аматерски театарски производ сакаат премиерно да го изведат на 9 февруари. “Се што сакав да кажам, но никогаш не можев”, е специфичнниот наслов на претставата.

– Дали ние сме тоа од што се плашиме? „Не. Но, стравовите со кои немаме храброст да се соочиме, стануваат наши лимити” – вели режисерката Стефанија Стефаноска.

Режисерот Марио Велковски смета дека стравот не е реален и дека претставува избор, кој секој треба да го направи.

– Претставата дава до знаење дека нештата кои можеби ги премолчуваме или се воздржуваме да ги направиме, се последниот чекор до целта – вели Велковски.

Предпремиерата ќе се одржи на 8 февруари, а репризата на 10 февруари.   Играат: Лора Штаргоска, Наум Ѓорѓиески, Афродита Петкоска, Тома Чкатроски, Илина Стефаноска, Јована Трајкоска, Андреј Димитриовски, Михаела Петреска. Координатор е Никола Тумбовски. Костимограф е Марија Биновска.

Loading