ОБУКИ ВО ШПАНИЈА

СОУ „Ѓорче Петров“

4 proekterazmus1

Веќе две обуки со настаници од СОУ „Ѓорче Петров“ се одржаа во Шпанија за Proekt Practice Makes Professionals од програмата Еразмус + на ЕК при Советот на Европа. Од 11 до 19 ноември во Барселона, Шпанија, се одржа првата обука за наставниците Билјана Рошкоска, координатор на проектот и проф. Благица Тренчевска. Втората обука од истиот проект се одржа во периодот од 10 до 17 декември во Мадрид, Шпанија. Присуствуваа координаторот на проектот, проф. Билјана Рошкоска и проф. Жанета Видевска.

– Тема на обуката беше училиштен менаџмент и менаџмент за професори. Придобивките од обуката се нови искуства и пријателства, посета на културно-историски споменици и музеи, како и посета на едно училиште и на амбасадата на Македонија во Мадрид. Учесниците стекнаа сертификати за успешна обука – објаснува координаторот на проектот, проф. Билјана Рошкоска.

СОУ „Ѓорче Петров” продолжува со реализација на проектот од програмата „Еразмус +”. Група ученици од здравствената струка моментно ги надградуваат знаењата од практатичната настава во Мадрид, Шпанија.

Loading