СВЕСТ ЗА ИНТЕРНЕТ БЕЗБЕДНОСТ

2Инфо ден имаше во ОУ „Гоце Делчев“ за подигање на свеста за безбедно користење на интернетот со наслов „Подобар интернет за нашите деца“. Наставниците дискутираа со учениците за позитивните и негативните последици при користењето на интернетот. Сите ги споделија досегашните искуства како поуки за внимателно користење на интернетот во иднина.

Училиштето изработи едукативни брошури со насоки за правилна употреба на интернетот како и информации за тоа што е онлајн малтретирање, заштита на лични податоци и репутација, интернет бонтон, како и линкови од важни веб – страници кои темелно ја покриваат  проблематиката, а кои беа распределни на учениците, родителите и вработените во учлиштето. Законската обврска е примената на ИКТ во наставата и редовно се едуцира кадарот за професионален развој.

Loading