ЉУБЕЗНИ ЗБОРОВИ И МИСЛИ ЗА ПОДДРШКА

4

Еден од трите Еразмус+ проекти на ОУ „Гоце Делчев“ е „Љубовта е за сите“, кој се реализира во соработка со училишта од Шпанија, Романија, Италија, Хрватска и Кипар. Тенденција е зајакнувањето на меѓусебното почитување и разбирање за помалку привилегираните, толеранција кон обесправените групи и лицата со посебни потреби.

Членовите на Еразмус+ клубот  учествуваа на новогодишниот панаѓур во училиштето и со продажба на своите изработки собраа парични средства наменети за хуманитарни акции. Дел од членовите на клубот го посетија Дневниот центар Ѕуница каде што донираа едукативни материјали и свои изработки. На средбата беше изведена и мала програма во која зедоа учество и децата со посебни потреби со што беше успешна мисијата да им го разубават секојдневието.

Loading