НУЖНИ СЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО „’РБЕТОТ“ НА ПОБЕДА

Фудбал: Славољуб Бубања, тренер

– Во фудбалот колку вложуваш – толку ти се враќа

Fudbal

Црногорскиот стратег откако ја презеде Победа на 25 септември, ја водеше на 14 меча. Во купот постигна по една победа, реми и пораз, стигнувајќи до четвртфинале, а во првенството четири победи, два нерешени (последниот дома 1-1  со Ренова) и пет пораза, за конечно 7 место со 19 бода на есенската табела.

Колку е остварено од планот?

– Седмото место е над загрозениот дел од табелата. Секако дека можевме повеќе. Освен кога имаше репрезентативна пауза, немавме многу време за спроведување на планираното за тренинзите, туку моравме само да ја подготвуваме екипата за секој меч.

Доброто и лошото во тимот?

– Немаше добар баланс, бидејќи на некои места имаше вишок, на други кусок. Еден дел од екипата беше “заспан”. Само наредни добри подготовки можат да извлечат максимум. Нужно да се доведат засилувања, но вистински, носители на играта од голманот до шпицот, на местата кои се ,,’рбет” на тимот.

Пролетниот дел?

– Низ квалитетна работа можеме многу, многу повеќе. Со исклучок на Крстески, Маневски и Гешоски, тимот е меѓу најмладите во лигата и иднината е тука. Победа ја гледам подалеку од борбата за опстанок, оти овој клуб кој и во Црна Гора добро го знаат, тоа го заслужува.

Изгледот на табелата?

– Шкендија заслужено е прва, според логиката “колку вложуваш – толку се враќа”. Само платите на еден нејзин играч е колку цел буџет за таа намена во клубов. Вардар, пак, не можеше да го носи товарот од домашната и меѓународната сцена.

Одморот?

– До 8 или 10 јануари. Тогаш ќе треба да стартуваат подготовките за првенството кое продолжува на 14 февруари, дома со Пелистер.

Напролет останувате на ,,кормилото”?

– Расположен сум да прифатам 100 отсто. Носам силни впечатоци од Прилеп, град каде ме запираат на секој чекор да ме прашаат за екипата. Тоа никаде не сум го видел.

Loading