НОВО КАТЧЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Кај раскрсницата Чумовчани

5 Pernzioneri

Околу 1500 пензионери од месните заедници Корзо и Сточен пазар добијаа нов клуб од 50 м2 за средби кај раскрсницата Чумовчани.  Ова е 11-ти клуб во Прилеп и селата Долнени и Кривогаштани.

– Просторијата ја купивме и уредивме со средства на пензионерите од градов и селата. Инвестиравме околу 35 илјади евра да создадеме катче за пријатен престој за дел од луѓето од третото доба. Планираме клуб и во Варош, а наскоро и во селата Ропотово и Обршани – истакна Кирил Ѓоргиоски, претеседателот на прилепските пензионери.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски,кој  беше почестен со приредба на членовите на КУД Пензионер. 

Loading