ТИМ СО РЕЗУЛТАТИ

5 SOU Kuzman Josifoski PituСОУ „Кузман Јосифоски – Питу

Средношколките при СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ се закитија со повеќе награди за месецот на книгата, што традиционално го организира Градската библиотека. На литературниот конкурс за најдобра лична творба – расказ, најдобра лична творба-песна и најдобри рецитатори и оваа година постигнаа врвни резултати.

– Групата ученички  работат и творат и постигнуваат голем успех за себе, за училиштето кое го претставуваат и нивните ментори. Прво место – најдобра  лична творба – расказ и припадна на Христина Нунеска – 3 година, второ место за рецитаторот од нашето училиште – Викторија Цветаноска – 3 година, трето место -најдобра лична творба – песна – Михаела Ржаникоска – 3 година под менторство на проф. Соња Мирческа. Трето место – најдобра лична творба – расказ – Тамара Мирческа – 2 година под менторство на проф. Лидија Паноска – информираат од училишетто.

Учениците и менторите  беа наградени со книги, дипломи  и благодарници за учество на литературниот конкурс.

Loading