ГИМНАЗИЈАТА СО ЕВРОПСКИ ЗНАК ЗА КВАЛИТЕТ

European-Quality-Label

Признание од високо ниво, Европски знак за квалитет (European Quality Label) доби  Гимназија „Мирче Ацев“ за успешно завршениот проект „Digital Friendship“ на  „eTwinning“  мрежата од централната и националната  агенција и Ерасмус+. Со него може да аплицираат за награда за 2018 год. Во рамките на “Move2Learn, Learn2Move” иницијативата од Европската комисија за образование и финансирана од ЕРАСМУС+ програмата, проектот “Digital Friendship” доби награда – патување во Загреб, Хрватска. Учесниците во проектот од 08 до 12 ноември ќе го посетат партнер училиштето Втора Гимназија.

Во проектот беа вклучени 18 ученици од трета година под менторство на професорката по информатика Анкица Стеваноска Јанческа. Заедно 220 ученици и  23 наставници од Македонија, Хрватска, Србија, Португалија, Шпанија, Бугарија, Полска, Турција, Грција, Литванија, Романија, Германија и Ерменија ги подобруваа ИКТ вештините и споделуваа дигитални ресурси.             

Loading