ТУРНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ПРИ БЕГСТВО

Полицијата поднела кривична пријава против Џ.Ќ. (26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста. Осомничениот на 6 септември годинава на ул. “Марксова”, кога полициски службеници му дале наредба да застане, го стартувал возилото и со десната врата удрил еден од полициските службеници.

Loading