НАМЕСТО ДИВЕЧ, ЗАСТРЕЛАНА ПРИЛЕПЧАНКА

Кај Кривогаштани

Полицијата информираат дека на излез од село Кривогаштани, Прилепско, кон Крушеани, В.П. (28) од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи на нивата, добила повреда во вратот од огнено ловечко оружје. Во контактибилна состојба со возило на итната медицинска помош била пренесена во Медицинскиот центар во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа на полицијата.

Полицијата ги привела Х.М. (52) и Г.П. (64) од Франција под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Loading