СО ЛЕТНИТЕ ЗАВРШНИ ПРОЕКТИ НА МАКИНОВА

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“

5

Со дел од проектите кои ги изработија на летниот камп на Микросам, средношколците од „Ристе Ристески – Ричко“, учествуваат на интернационалниот натпревар и работилница за роботика РобоМак 2017, како и на МАКИНОВА 2017, како дел од саемот ТЕХНОМА.

За време на кампот, средношколците  се соочија со различни работилници и обуки:  краток курс за математика, курс за програмскиот јазик С++, програмскиот јазик МатЛаб, курс за 3Д моделирање, обука за презентациски вештини, обуки за роботика, соочувајќи се со сетовите: Веџ роботицс, Робиџ, Лего миндстромснџт, Роботис, Спхеро. Беа поттикнати и мотивирани директно да учествуваат и во дизајнирањето на кампот со свои предлози, сугестии и идеи. На крајот од летниот камп средношколците имаа задача да изработат проект во област која нив најмногу ги интересира. Секој од средношколците изработи успешно свој проект сам или во тим, искусувајќи ја и тимската работа. Проектите беа изработени од обуките кои беа спроведени на летниот камп, завршни проекти за 3Д моделирање, со кој првпат се среќаваа. Имаа и успешни завршни проекти во програмскиот јазик Матлаб, со кој средношколците  првпат се запознаа, како и проекти од роботика, програмирање С++ итн. Завршните проекти  ги презентираа пред инженерскиот тим на Микросам, по што им беа доделени сертификати за учество во летниот камп на сите средношколци, поради постигнатиот успех. На најдобрите завршни проекти им беа доделени и симболични награди.

Летниот камп се реализира во просториите на Академија Микросам со поддршка на МОН. 

Loading