ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

2 Gimnazijalcite kaj Pretsedatelot

Најдобрите гимназијалци, учениците од трета и четврта година, кои во   минатата учебна година освоија први, втори и трети места во различни области на државни и меѓународни натпревари, беа гости на свечената церемонија на менување на државното знаме пред Кабинетот на   Претседателот на Република Македонија. Со учениците беа и професорите Весна Михаиловска, Снежана Тодорческа и Блаже Димески, како и директорот Кире Николоски. По овој чин, гимназијалците остварија кратка средба и разговараа со Претседателот Ѓорге Иванов. Им беше чест и задоволство што беа дел од манифестацијата.

3 I ucenicite od Kire gavriloski kaj Pretsedatelot

Промената на државното знаме пред Кабинетот на Претседателот ја изврши гардиската единица на Армијата. Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

На церемонијата присуствуваа и учениците од   ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Фотографии направи Горан Попоски.

Loading