НАСТАВНИКОТ Е СВЕТЛИНА

ОУ „Добре Јованоски

2 Den na ucitelite - OU Dobre Jovanoski

Петтоодделенците од ОУ „Добре Јованоски“ изработија збирка од детски мисли по повод Денот на учителите, 5-ти Октомври.

Со цел да докажат и покажат дека наставникот е светлина кон иднината на учениците, петтоодделенците под менторство на наставничката Каролина Николоска, во соработка со колешките Винета Џумеркоска, Величе Јованоска, Билјана Ангелека, Снежана Андоноска и Ленче Мирческа изработија збирка од детски мисли преточени во проза и поезија. Во неа се воспева големината и значењето на зборот наставник.

– Збирката е наша гордост, уште еден од многуте бисери на тимска и успешна соработка меѓу учениците и наставниците – вели Николоска.

Воедно, Еко одборот ја отпочна акцијата „Зелен двор”, со која се предвидуваат многу активности во октомври заедно со вработените, родителите и учениците со цел да се вклучаи и да дадат придонес во разубавувањето на училишниот двор.

Во рамките на Детската недела, првачињата дадоа заклетва и станаа членови на детската организација.

3 Nedela na deteto vo OU Dobre Jovanoski

Loading