НАГРАДА ЗА ФИЛМ

ОУ „Кочо Рацин

5 Nagrada za edu film - OU Koco Racin

ОУ „Кочо Рацин“ доби награда за филм. Со еду филмот „Не лути се човече“ на 2а одделение, чиј автор е наставничката Наташа Мирческа, се пласираа на  второто место на КРЕФ 2017 во голема конкуренција на едукативни филмови за наставен час во Лесковац, Србија.

– Видеозаписот од 4 минути е дел од совладувањето на математичките вештини во прво одделение, собирање и одземање, преку омилената истоимена игра. Од просветните работници на земјите, учеснички на фестивалот, филмот е прогласен за најдобар. Натпреварувачките категории ги опфаќаат вештините на наставникот преку Либдуб промоција на училишната клима, еду видео (наставен час) и преку компјутерската игра МИНЕКРАФТ идеја за урбанистичко уредување на дел од локалната средина. Дека учењето може да биде забавно, креативно, необично покажаа видеозаписите кои упатуваат дека наставниците упорно ја бараат и на различен начин често ја пронаоѓаат ефективната стимулација да дојдат до посакуваната цел – вели Мирческа.

Меѓународниот фестивал за креативни едукативни филмови КРЕФ 2017 ги анимира наставниците од одделенска и предметна настава од основните училишта на бившите ЈУ простори и пошироко, за репрезентативно претставување на едукативните активности во училницата, училиштето и користењето на информатичките алатки преку игра во наставата. Наградениот еду филм може да се види на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=qNw2QbZaGwQ

Loading