КЕЈСКИ ЅИД ВО АЛИЧАИР

4 Zid na koritoto na gradskata reka  vo Alicair

Се гради кејски ѕид на градската река на потегот од пешачкото мовче до градскиот базен на барање на жителите од населбата Аличаир кои живеат на ул. Кеј 1-ви Мај. Најпрвин се уреди речното корито, со средства од општинскиот буџет, а градењето на кејскиот ѕид ќе придонесе за урбан изглед на овој дел од градот.

– Градбата на околу 700 м кејски ѕидови се финансира од буџетот, а вредност е шест милиони денари. Предходно, за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на ул „Кеј 1-ви Мај” се поставија нови водоводни и канализациони цефки и се изградија колектори. Со завршувањето, сосема ќе се асфалтира улицата – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Изградба на кејски ѕид локалната самоуправа има предвидено и во долниот тек на градската река, од мостот кај „Димо Наредникот” до населбат Жабино Мало.

Loading