НЕ ДАВАА МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ

Реакција на Стојков од ОМО Илинден Пирин од Бугарија

Стојко Стојков, претседател на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин констатира дека Македонија 25 години ништо не направи за Македонците во Бугарија, и прашува, зошто сега, со договорот, би било поинаку. Според него, со договорот за добрососедство со Бугарија не се затвораат многу прашања, туку се отвораат серија нови проблеми.

– Бугарија доби дополнителни механизми за оценка и за забавување на патот на Македонија кон ЕУ. Предвидените комисии со договорот ќе ја влошат ситуацијата. Ќ е креираат нови услови за македонското членство во ЕУ. Очекувано беше дека Македонија ќе се согласи да се откаже од нас, Македонците во Бугарија. Во последниве 25 години таа никогаш и не се грижеше за нас, покрај уставните обврски. Ако се грижеше, ќе ни дадеше барем македонски пасоши, државјанства, и денес немаше да имаме вакви проблеми. Верувајте, за нас беше полесно да добиеме американски пасош, отколку македонски. Во меѓувреме, Бугарија безусловно делеше бугарски пасоши на македонски државјани. Тоа е разликата од држава која работи, и држава која не работи – изјави Стојков, претседателот на ОМО Илинден – Пирин, партијата која ги штити правата на Македонците во Бугарија и член на Европската слободна алијанса.

Loading