ПИОНЕР Е ПРВАК КАЈ ЈУНИОРИТЕ

Гимнастика

Во гимнастичкиот клуб Партизан Соколи на тренерот Златко Ангелески ги сумираа резултатите од првата етапа на сезоната низ задоволство од постигнатото. И по смената на генерациите, новите се покажаа. Настапија 27 натпреварувачи. Помладите пионерки – Ева Јашмакоска и Ирина Јанкулоска поединечно се четврто и петто место, што е одличен пласман ако се знае дека се во групата до девет години, а се на шест и осумгодишна возраст. Во најбројната група на постарите пионерки прва е Теа Манеска, а кај јуниорките втора е Теа Велкоска. Вреди првото место на Ивана Јанкоска, иако во конкуренција со само четири ривалки. Категоријата е сениорска, каде многумина се откажуваат. Кај помладите пионери прв е Михаил Митрески, втор Матеј Тасески, четврти Марио Столески, а најмалиот, шестгодишен Марко Димитриоски придонесе за прво екипно место. Постариот пионер Андреј Јованоски е петти, а Дамјан Стојаноски е чудо од дете. Има 12 години, а е шампион кај младите јуниори. Наследник е на Дино Бошњак, кој е втор кај сениорите.

Во вкупен пласман Прилеп Соколи е втор, по Кочани.

Loading