ПРИЛЕП ГО ЗЕДЕ ГОЛМАНОТ ЈОВАНОВСКИ

Ракомет

Среда – среќно. Не случајно средата беше ден за прозивка и старт на подготовките на машкиот суперлигаш Прилеп, предводен од тренерот Ице Соколески и асистентот Менде Петлески. Првите тренинзи се на Могила, потоа во Вежбалница и во салата на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко”. Во поглед на играчкиот кадар има измени. Заминаа Грузиецот, бекот Орјоникидзе (Пелистер) и голманот Трајковски (Скопје), дојде голманот Јовановски (Еурофарм работник Битола), а се чекаат два бека, од кои едниот од странство. Во рамките на подготовките планирани се пријателски мечеви, меѓу кои три на турнирот ,,Миле Нешкоски” против Пелистер, Пролет и Борец.

Првенството стартува на 16 септември кај Металург во Скопје.

Loading