УМЕТНОСТ ОД ОВОШЈЕ

Овошниот копаничар Раде Илиоски

Vajar na ovosje - Rade Ilioski

На овошје прави цветови, разни облици на гравури примамливи за око, иницијали, имиња… Тоа е Раде Илиоски, кој чепкајќи на јутуб, окото му застанало на резбање на овошје. Наместо да се освежува, изрезбарил рози и лебеди…

13495169 122180894877560 3215752416453960792 n

Тргнал со проба на 6 лубеници. Со пила, нож и други алати, полн со трпение за внимателно лупење, создал уметничко дело. Сопругата останала вчудоневидена како ножот обликува необични скултури по кората на љубеницата под диригентство на сопруговите раце. Овошниот копаничар ја чувал три дена дома првата резба да ја видат комшиите. Уметничкиот инстинкт му станал занимација за релаксација. И на дињи го пробал дарот за вајање. Му тргнало со нови специјални ножиња за резба, што може да направи и “цвеќе” од камен. Тренирал на сапуни и изработил цутови, мерак да ти биде раце да истриеш.

13886994 154880848274231 4307340520670396076 n

Лете нема мака за материјал, а зиме умешноста ја изразува на тикви, иако се поделикатни поради тврдоста. Лебеди прави и од јаболка. Со илјадници идеи создава нови уникатни и тешко остварливи креации на овошјето.

20106574 326488207780160 4161328582123977515 n– Ноќе работам раат. Никој не ме задева. Најлесно ми оди резбата на лубеница – вели Илиоски, кој учел за готвач.  

По шест години, розите станале рутина, оти ги делка за помалку од саат.      

– Делата не се повторливи и имаат своја овошна приказна… – додава Раде, кој ја мачка резбата со желатин да í го продолжи “животниот век” и сласт. 

Loading