ТРИУМ НА КРАТОВСКАТА КОЛОНИЈА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

4 Uspeh na kratovskata likovna kolonija

Гимназијалците, не само што учествуваа, туку и триумфираа на кратовската уметничка колонија. Илина Смугреска го освои првото место, а нејзин ментор беше проф. Гордица Димитриевска Груеска. Лина Антоска пак, го освои третото место, под менторство на проф. Александар Џинго.

Со креативноста и ликовниот талент, сликајќи на платно со акрилна техника мотиви од архитектурата на градот домаќин, неговите кули, мостови, куќи и улици, на ликовната колонија во категорија средни училишта, посебно се истакнаа учениците од Гимназијата „Мирче Ацев”.

Тие беа дел од 24-та Меѓународна детска ликовна колонија “Лазар Софијанов” во Кратово во организација на Домот на културата, а на која учествуваа 28 млади ликовни таленти.

Loading