СЕ ГРАДИ КОТЛАРНИЦА

Во ОУ „Добре Јованоски

6Kotlara vo OU Dobre Jovanoski

Се гради котларница во ОУ „Добре Јованоски“ со која треба да се затоплува спортската сала. Инвестицијата ќе овозможи спортување во зимските месеци како за учениците, така и за спортските активисти. Локалната самоуправа вложи и во набавката на безжичниот спортски семафор, кој е прв од ваков тип во Македонија. Со новиот систем за затоплување и со семафорот, спортскиот објект ги добива сите потребни атрубути за одвивање на било каков спортски натпревар.

– Од буџетот на локалната самоуправа се вложени 1,2 милиони денари – истакна Марјан Ристески, градоначалник.

Од ОУ „Добре Јованоски“ најавуваат нови инвестиции.

– Во август ќе почне реконструкција на училиште во центарот за воена обука. Таму ќе се промени дограмата, ќе се спуштаат таваните, ќе се преградува влезната врата и ќе се реконструира дел од фасадата – вели Панде Николоска, в.д. директор во ОУ „Добре Јованоски” во Прилеп.

Спортската сала е четврта училишна сала која се изгради, како дел од проектот на претходната Влада за изградба на 145 спортски сали.

Loading