ПАЛАЧИНКИ ЗА КРАЈ

Епилог на Најпетка

2. Turkanici za palacinki

 

Неделникот Зенит ги избира најпеткашите. Вечерва во 18 часот на Камената бина на манифестацијата „Палачинкијада“ ќе се закитат со признанија најуспешните и најдобрите ученици, наставници, најдобриот клас и најуспешното училиште. Чесно и одговорно ќе ги понесат титулите. Ќе се прогласи најучилиште, најодделение со класен раководител. Со кренати раце на бината ќе излезат најучениците кои вложија најмногу труд и работа. Не само што ги наредија петките во дневникот, туку освоиле и признанија на државни и меѓународни натпревари. Признанија ќе добијат и најнаставниците. Ќе има забавна програма, а манифестацијата ќе биде завршена со палачинки кои традиционално ги ораганизира Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески кој смета дека вложувањата во образованието се најважни за едно општество, затоа што, во убава атмосфера се стекнува добро знаење. Резултатите од наградите на сите нивоа, се сведоштво дека вложените средства во училиштата се гаранција за понатамошно успешно образување. 

Loading