КРУЖЕН ТЕК КАЈ ЦЕПЕНКОВ

Европски сообраќајни решенија 

– Редефинирањето на сообраќајниот систем во градот предвидува и нови пет кружни тека

str 1

Нов кружен тек планирано е да бидат изградени кај маркетот „Тинекс“, наспроти Центарот за култура „Марко Цепенков“, потоа кај  новата автобуска станица, како и во близина на Економскиот факултет. Такво сообраќајно решение ќе има и кај мостот  “Табана”, кој  треба да започне наскоро да се гради, како и пред поранешната Градска кафеана во центарот на градот.

Со зголемувањето на бројот на возила се јави потребата од редефинирање на сообраќајниот и паркинг системот. На повеќе места старите семафори се заменија со кружни текови кои не предизвикуваат застој во движењето. Се изградија повеќе кружни текови со споменици:  „Карпалак” и „Прилепски бранители” кај хотелот Липа, како и кружен тек кај поштата и кај поранешната фабрика „Солидност”.

Biznismenite gradat vo zonata Prilep 1

Поради одличните ефекти постигнати со градбата на кружните текови и намалувањето на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, во наредниот период локалната самоуправа планира да изгради неколку кружни движења на сообраќајот на крстосници за дополнително растоварување.

Паралелно, локалните власти ги решаваше и проблемите со паркинг просторите. Се изгради катна гаража со 400 паркинг места, а во завршна фаза е уште една катна гаража со капацитет од 200 паркинг места. Во план е градбата на повеќе помали монтажни катни гаражи и тоа зад поранешната Градска кафеана за 200 возила, меѓу поштата и новата општинска зграда за околу 100 возила, пред Кам маркетот, кај кружниот тек „Карпалак”, за приближно 100 возила и на парцелата на постојниот паркинг пред центарот за култура „Марко Цепенков” со капацитет од 100 возила.

Ke niknat montazni katni garazi

Прилеп располага со 1.100 паркинг места во централното градско подрачје кои ги опслужуваат повеќе од 40 вработени лица. Градот е поделен на три зони за паркирање А, Б и Ц. Воведен е систем и за наплата по пат на СМС порака и грепки.

Платениот паркинг простор ќе се збогати со засадување на повеќе зеленило или изградба на настрешници на постојните паркинзи и ќе се осовремени системот на наплата и контрола.

Мерките и инвестициите омасоват користењето на јавниот превоз и велосипедите, со што ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот.

За тешките товарни возила планирано е изградба на паркинзи на периферијата на градот. 

Loading