ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА НА ПЕСИЈОБРДЦЕ

Споменичниот комплекс во месноста Песијобрдце, наскоро ќе биде реставриран со 300 илјади денари владини пари, на иницијатива на здружението „Прилепски бранители“. На средбата меѓу претставници од здружението „Прилепски бранители”, Сојузот на борци и градоначалникот Марјан Ристески се изрази задоволство од готовноста за реставрација на спомен обележјето посветено на жртвите, ослободителите на Прилеп од 1944 година.

Инаку со дел од средствата ќе учествува и општината, Комуналец и ЈП за ПУП, да се направи соодветно архитектонско решение и изведба на локацијата.

Гоце Стефаноски од здружението Прилепски бранители рече дека здружението негува голема почит кон борците од 45. Затоа се побарани и добиени средства за реставрација на споменикот Песијобрдце.

Локалната самоуправа со помош на Сојузот на борците ќе дадат идеи за решение.

Претседателот на Сојузот на борците, Круме Соколоски е задоволен што ќе се реставрира споменичниот комплекс од големо значење за Прилеп, градот херој, бидејќи е значајно за сегашните и идните генерации.

Според градоначалникот Марјан Ристески, само во минативе 12 години,  соработката со Сојузот на борците се реконструира Меморијалниот музеј, се реставрира и се ревитализира Могилата на непобедените, спомениците на Кузман, Пере, Ѓорче, на авторите на литературниот македонски јазик, Блаже Конески и Круме Кепески. Потоа, се изградени спомениците од поновата историја, Карпалак и Прилепски бранители.

Во иднина, ќе се постават споменични обележја на Мирче Ацев, Битката на ножот и уште пет бисти на народни херои кои се починати по 45-та година.

Loading