ЖЕТВА НА НАГРАДИ НА ХЕМИЧАРИТЕ

ОУ ,,Гоце Делчев,,

6. Nagradi za hemicarite - OU Goce DelcevСо учеството на научниот настан ,,Ноември месец на науката,, три ученика  од ОУ ,,Гоце Делчев,, освоија четири награди за највисокиот можен пласман на државно ниво. Во категоријата експерименти со прво место се закитија Делфина Апостолоска и Стефана Џамбазовска, а втора беше Бојана Кузманоска. Кузманоска освои и трето место на тест на знаење. На држав ниот конкурс ,,Екофотографија,, за трета награда беше оценета фото креацијата на Делфина Апостолоска. На регионалниот натпревар на млади техничари и природници, младите хемичари во три категории освоија први места и учествуваа на државниот натпревар во нашиот град. Стефана Џамбазовска беше првото во применета хемија. Прва беше и Бојана Кузманоска во агротехника, а Катерина Здравеска се нареди на третата позиција во фототехника. Наталија Кочоска го зазеде првото место во конструкторство. На државниот натпревар гоцеделчевци освоија трето место за ,,Хофмановиот апарат,,.

На државниот натпревар по хемија, во конкуренција од 132 ученици, на  ученичките Делфина Апостолоска и Стефана Џамбазовска им припадна второто место.

Сите осум награди на државни напревари, од која една со меѓународно учество, и по десетина на општински и регонални, се освоени под менторство на наставничката Кети Иваноска. 

Loading