ПЕТ МЕДАЛИ ЗА ДВА ДЕНА

БОРЕЊЕ

Бериќет собраа борачите од 7 Мај Леов. Успешно се претставија на Меѓународниот турнир во Скопје, каде во конкуренција на учесници од Македонија, Косово, Бугарија и Србија освоени се три медала. Третите места во своите групи ги зазедоа Стефан Стојаноски и Барбара Стојкоски, а второто, Викторија Стојаноска. Ден подоцна, пак во Скопје, Теодор Темелковски и Леонардо Насески ги зазедоа третите места на Државното младинско до 20 години.

Предизвик за следниот викенд е Државното за кадети, со учество на Александар Стојкоски и Филип Стојаноски.

Loading